• 16.05.2021 18:40

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Се вжештува атмосверата во Албанија пред изборите во недела: Убиен активист на Социјалистичката партија (ВИДЕО)

Еден убиен и две лица провредени е исходот од вооружената престрелка која што се случи денеска во албанскиотград Елбасан.

Во престрелката животот го загубил Пјерин Џувани активист на Социјалистичкатапартија, а ранети се еден полициски службеник и уште едно лице, кое се уште не е идентификувано.

Како што пренесуваат албанските медиуми, причина за вооруженатапрестрелка била купувањето гласови во населеното место „пет“ во Елбасан.

Инаку, пред еден ден во Каваја со огнено оружје беше пукано во штаб на Демократската партија на Баша, при што исто така имаше и повредени.