Еден од најпрофитабилните објекти во Скопје е Жичарницата од Средно водно до врвот. Пуштена во употреба во 2011 година набрзо стана еден од најупотребуваните и најпопуларните објекти во Скопје. Финансиски самата се одржуваше и се до нејзиното затворање, официјално заради Ковид пандемијата, немаше никави проблеми во нејзиното функционирање или одржување.
Необјасниво, но до сега таа не проработи, а освен дека е пандемија официјално, од ЈСП Скопје кое стопанисува со Жичарницата нема друго објаснување. Зошто Жичарата не проработе се прашуваат и планинарите и вљубениците во Водно кој секојдневно ја користеа. Во разговор со нив велат, во автобус може да се стискаме, а во кабина четворица неможело.
Помлади Скопјани коментираат дека во овие загадени денови жичарата беше единствениот начин децата да ги качиме на врвот да подишат чист воздух. Нема логика да е затворена заради пандемијата а во маркети, автобуси и кафани да е дозволено. Велосипедистите кои ја користеа секојдневно иста така немаат информации зошто истата не работи.
Во кулоарите и чаршијата се говори дека некој фрлил мерак за приватизација или стопанисување со жичницата, па скопските муабети добиваат и други димензии во недостаток на официјални информации. Ја подготвува ли некој Скопската жичарница за продажба или делумна приватизација останува да се прашуваме зошто одговри сега за сега нема.
Се подготвува ли за продажба Скопската жичарница?
