• 21.04.2021 07:59

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Силва: Евроинтеграцијата на Скопје и Тирана е меѓу приоритетите на португалското претседателство

BySarissa Editor

Jan 8, 2021

По студениот туш, Португалија со нови сигнали – евроинтеграцијата на Скопје и Тирана ќе биде меѓу приоритетите за време на нивното претседавање со ЕУ следните 6 месеци. 

Португалија ќе се обиде да ги организира првите меѓувладини конференции со Македонија и со Албанија во првата половина од годинава, изјави португалскиот министер за надворешни работи Аугусто Сантош Силва, чија земја го презеде ротирачкото претседателство со ЕУ на 1 јануари.

Силва на онлајн брифинг за новинарите истакна дека отворањето на пристапните преговори со Скопје и Тирана е меѓу приоритетите на португалското претседателство.

Тој посочи дека ЕУ досега испорачала многу барања до Македонија и дека земјата мораше да спроведе голем број многу важни реформи, па дури и да го смени своето име.

„Тие ја завршија својата работа. Сега е време ние да го завршиме нашето“, нагласи Сантош Силва.

Силва најави дека португалското претседателство преку разговори со двете страни ќе настојува да се надминат недоразбирањата меѓу Софија и Скопје.

„Сега имаме нова ситуација – прашањата поставени од Бугарија. Мојата цел е да разговарам интензивно со владите и наМакедонија и на Бугарија. Бидејќи е многу важно внимателно да ги слушнете аргументите на другата страна. Кога тоа ќе се направи, лесно може да се разбере дека постои заедничка основа врз која може да се работи“, заклучи шефот на португалската дипломатија.