• 16.05.2021 18:56

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Синдикатот на полицијата следната недела излегува на протест: „За ред, за правда, за дисциплина – ДОСТА е веќе!“

Bysrs-editor

Apr 28, 2021

Синдикатот на полицијата во Македонија во сабота излегува на протест под мотото „За ред, за правда, за дисциплина – Доста е веќе“.

Протестот ќе започне во 11:30 часот на 08.05 пред канцелариите на Европската Унија и ќе продолжи до Владата на Република Македонија.

Синдикатот излегува на протест со цел да им се остварат барањата за подобри услови за живот и работа:

– Тендер за сите видови на униформа во Полицијата,
– СТОП за незаконските распоредувања,
– ДОДАТОК за борбата против коронавирусот,
– НОВ Колективен договор во МВР со учество на сите Синдикати,
– ПРОФЕСИОНАЛЦИ на чело во МВР,
– Доста – СТОП за МОБИНГОТ,
– Подобри услови и права за ПОДОБАР ЖИВОТ, ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО,
– СТОП за пресметка со СИНДИКАЛНИТЕ ПРЕСТАВНИЦИ,
– ЗГОЛЕМУВАЊЕ на ПЛАТИТЕ во Полицијата