Враќањето на српскиот јазик во училиштата во Република Северна Македонија ги побива некои ставови дека се прекинати врските со Србија и Русија, изјави вицепремиерката и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, пренесува БГНЕС.
Таа потсети дека македонизмот сам по себе е геополитичка идеја создадена од Белград и Москва.
-За жал, не сум изненадена од ваквата одлука на македонските власти. Враќањето на српскиот јазик значи дека сите партии во РС Македонија, без оглед на нивните политички разлики, се едногласни за ова прашање…, како и за темата за односите со Бугарија “, рече Захариева за бТВ.
Според неа, ваквите постапки се доказ за приближување кон Србија.
БГНЕС потсетува дека на 27 јануари, премиерот Зоран Заев објави дека наставата по српски јазик и култура за учениците од шесто одделение се враќа во македонските училишта. Програмата за VIII и IX одделение во училиштата за општо образование е во фаза на одобрување.
Во духот на „традиционално добрите односи со Република Србија“ во општина Центар во Скопје, завршени се прелиминарните активности за изградба на Српскиот културен центар, чии градежни активности ќе започнат оваа година, изјави пред неколку дена премиерот Зоран Заев, посочува БГНЕС.