• 03.08.2021 21:59

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Словенија од денес претседава со ЕУ

Словенија денес го презеде европското кормило од Португалија. Тоа ќе биде Словенија по втор пат да претседава со Унијата.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен утринава беше во Љубљана и ги оствари првите средби со премиерот Јанез Јанша и се очекува да се претстави планот и приоритетите на словенечкото претседателство. Еден од нив ќе биде справувањето со последиците од пандемијата со ковид 19, за што се предвидени 2,5 милијарди евра.

Словенечкиот претседател Борут Пахор изјави дека неговата земја останува на традиционалниот либерален пат и ја отфрли можноста „автократската политика на владата“ да го загрози нејзиното шестмесечно претседателство со Европската унија (ЕУ).

Меѓу приоритетите тој го истакна и проблемот со Македонија која е блокирана од Бугарија за почеток на преговори за членство.