• 25.06.2021 13:25

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

СМК: Бугарскиот јазик во Македонија е странски јазик, приватно секој може да го изучува, но тоа не е државна обврска!

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) за несериозен и неразумен го оценува предлогот на штипскиот градоначалник Сашко Николов, на приемот за бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов: Бугарскиот јазик факултативно да се учи во училиштата во државата Македонија!

СМК укажува дека Бугарскиот јазик е странски јазик во државата Македонија и приватно секој кој сака може да го изучува, преку интернет или во агенциите и центрите за странски јазици, но не е државна обврска макар и факултативното изучување на Бугарскиот јазик во училиштата!СМК потсетува дека нема бугарско малцинство во Македонија, ниту во Албанија, Косово и Грција!

Македонците не се “Бугари по род“, ниту тоа биле до 1944 година како што посакува Софија!СМК апелира до Владата да се откаже од предлогот за изучување на Бугарскиот јазик во училиштата во државата Македонија макар и факултативно и да не влетува во авантури со Софија која не ги признава Македонскиот народ во целина и Македонците во Бугарија, Македонскиот јазик го смета за дијалект на Бугарскиот јазик, а Македонија за дел од Санстефанска Голема Бугарија!

СМК и натаму го отфрла Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година како асиметричен и антидржавен, бидејќи претставува злосторство против човештвото, велепредавство на државата Македонија и геноцид врз Македонскиот народ, со него се врши повреда на угледот на државата Македонија, го излага на подбив Македонскиот народ со намера за исмејување и ја доведува државата Македонија во положба на потчинетост и зависност спрема друга држава, казниво по членовите 178, 179 и 308 од Кривичниот Законик!

И покрај историските хипотеки од Балканските војни 1912-1913 година, Првата и Втората Светска Војна, окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ, СМК и натаму предлага склучување Декларација за македонско-бугарско историско помирување и Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, но врз основниот принцип на меѓународното право на еднаква сувереност што подразбира: взаемно разбирање и почитување, соработка по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи и реципроцитет во меѓусебните односи! Тоа што за “Бугари“ во Македонија, истото и за Македонците во Бугарија!

СМК бара Владата во Софија веднаш и безусловно да ги признае Македонците во Бугарија со сите права и слободи кои по меѓународното право им следат: Со Закон да прогласи културна автономија за Пиринска Македонија врз основа на предлог-законот од 1946 година, да ги врати правата и слободите на Македонците од 1944 до 1948 година во времето на владеењето на Георги Димитров, повторно да го отвори Македонскиот народен театар во Благоевград (Горна Џумаја), да ги отвори македонски книжарници и да воведе настава на мајчин Македонски јазик во Пиринска Македонија!

СМК бара Владата во Софија да ги изврши пресудите на Европскиот суд за човековите права во Брисел за регистрација на здруженијата и политичките партии на Македонците во Пиринска Македонија и Бугарија, и да не го попречува правото на мирен протест и вероисповед на Македонците и негувањето на македонска култура, традиции и обичаи!