• 03.08.2021 20:56

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

СМК: Договорот од Преспа не е завршена работа, треба да се раскине и агонијата да заврши!

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) за неприфатлива ја оценува пораката до ВМРО-ДПМНЕ од помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер, во интервјуто со новинарот Васко Попетревски на 2 јули 2021 година за порталот 360степени, за време на првата дводневна меѓународна конференција “Преспа форум за дијалог“ која се одржа на 2 и 3 јули 2021 година во Охрид, дека “Договорот од Преспа е завршена работа!“

СМК изјавата на Филип Рикер за Договорот Димитров-Коѕиас ја смета за грубо мешање во внатрешните работи на државата Македонија и флагрантно кршење на меѓународното право!

СМК повторува дека Договорот Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година е во спротивност со домашното и со меѓународното право и поради тоа не е дел од внатрешниот правен поредок на државата Македонија, односно е ништовен според Виенската конвенција за договорно право од 1969 година, бидејќи со билатерален договор не може да се суспендира меѓународното право!

СМК потврдува дека Договорот Димитров-Коѕиас е во спротивност со слободно изразената волја на речиси 80% од вкупниот број запишани избирачи, Македонци по род и државјанство, кои на референдумот одржан на 8 септември 1991 година гласаа “ЗА СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА“ без додавки и без придавки, одлуката на референдум според Уставот е задолжителна за сите без исклучок!

СМК потврдува дека Договорот Димитров-Коѕиас е во спротивност со слободно изразената волја на речиси две третини од вкупниот број запишани избирачи, Македонци по род и државјанство, кои на референдумот одржан на 30 септември 2018 година НЕ ГЛАСАА “за членство во Европската Унија и НАТО Алијансата и не го прифатија Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција за промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ!“

СМК потсетува дека Филип Рикер, како поранешен американски амбасадор во Македонија од 29 септември 2008 година до 15 јули 2011 година, остана запаметен по лобирањето за промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ!

СМК потсетува дека Филип Рикер како помошник на државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, во рамките на посетата на Грција и Македонија од 21 до 27 јули 2019 година во Солун се сретна со солунскиот митрополит Антимос, дежурен јуда против Македонија и Македонците, на 25 јули се сретна со градоначалничката на Битола Наташа Петровска пред таа да даде изјава за истрагата во случајот “Рекет“ на Боки-13 и со градоначалник на Кавадарци од ВМРО-ДПМНЕ Митко Јанчев кој го прифати името “Северна Македонија“, а на 26 јули се сретна со осумтемина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои извршија велепредавство и гласаа за промена на името на државата и идентитетот на нацијата, фалејќи ги за развој на демократијата, како и со Христијан Мицкоски вршејќи притисок врз ВМРО-ДПМНЕ да го изгласа Законот за јавното обвинителство кој требаше да го уреди статусот и на Специјалното јавно обвинителство кое прерасна во злосторничко здружение и криминално дувло за рекетирање!

За Македонците по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, Договорот Димитров-Коѕиас претставува најтешко кривично дело велепредавство на народот и државата, геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото кое не застарува! Договорот Димитров-Коѕиас не е завршена работа!

Македонците по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, бараат итно и безусловно еднострано раскинување на Договорот Димитров-Коѕиас и продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни органи, организации и заедници под единственото државно име Македонија, за тоа претседателот или владата со нота да ги известат Владата во Атина и генералниот секретар и земјите членки на Обединетите Нации!

Македонците по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, бараат итно и безусловно распуштање на меѓувладината македонско-грчка комисија за ревизија на Македонската историја!