• 21.04.2021 09:36

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

СМК: Репроцитет – Што за „Бугари“ во Македонија, тоа за Македонците во Бугарија!

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) со индигнација ја отфрла изјавата на министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи “бугарските здруженија веднаш да побараат графа во рамките на пописот на населението“, после небулозната реакција на министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева дека “во Македонија живеат 100.000 бугарски државјани на кои Македонската Влада не им го признава правото на самоопределување“!

СМК потсетува дека бугарските државјанства во Македонија не значат “етнички Бугари“, бугарските државјанства важат во Република Бугарија, во државата Македонија тие се Македонци по род со македонски државјанства!

Државјанството НЕ значи етничка припадност!

СМК бара Владата во надворешната политика да го почитува основниот принцип на меѓународното право на “еднаква сувереност“ што подразбира: взаемно разбирање и почитување, соработка по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи и реципроцитет во меѓусебните односи! Тоа што за “бугари“ во Македонија, истото за Македонците во Република Бугарија! Како и: Што за Албанците во Македонија, истото за Македонците во Албанија!

СМК ја потсетува министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева, дека правото на самоопределување не важи замо за “Бугарите“ во Бугарија и во светот, правото на самоопределување важи и за Македонците во државата Македонија, за Македонците во Република Бугарија и за Македонците во светот!

СМК бара Владата во Софија конечно да почне да ги спроведува судските пресуди на Судот за човекови права во Стразбург, за флагрантното кршење на човековите права и слободи на Македонците во Бугарија!

И покрај историските хипотеки од Балканските војни 1912-1913 година, окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ, Македонците по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, бараат македонско-бугарско историско помирување и Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, но врз основниот принцип на меѓународното право на “еднаква сувереност“ утврден во Повелбата на Организацијата на Обединетие Нации и Универзалната декларација за човекови права!