• 25.06.2021 14:21

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Собранието не ја прифати иницијативата за референдум од „Учебници и настава мора да има“

Bysrs-editor

May 19, 2021

Собранието експресно ја одби иницијативата за референдум на родителите од групата “ Учебници и настава мора да има”. 

ретседателката на Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците Соња Мираковска во образложението за одбивањето на истата нотираше дека таа е неуредно доставена бидејќи потписите не биле собрани пред овластена институција во текот на работното време.

-Не е во согласност со членовите 66 и 70 од Законот за референдум од причина што потписите на граѓаните за покренување на граѓанска иницијатива не се дадени во образец пред органот на државната управа надлежна за избирачкото право во работно време.-Соња Мираковска.

Претставничката на иницијативата, Драгана Спасевска вели дека одбивањето на предлогот за референдум е легитимно но потенцираше дека нема да се откажат од своите намери и дека повторно започнуваат со собирање на потребните потписи.

-Го поднесовме предлогот за да не ги изневериме граѓаните и да реагираме брзо против овој Предлог- Закон. Искрено се надевавме дека илјадниците граѓани ќе бидат фактор за одлучувањето по ова прашање. Истите тие граѓани ги гласале овие лица да работат во нивна корист и интерес. – Драгана Спасевска.

Од иницијативата информираа дека денес ќе се обратат до делегациите на Европската Унија и Обединетите Нации каде што ќе ги презентираат ставовите и најавија дека својот револт за реформите во образованието повторно ќе го искажат на мирни протести низ целата земја.