• 30.07.2021 14:37

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Советот за безбедност на ОН ја осуди употребата на сила во Мјанмар

Советот за безбедност на ОН остро ја осуди употребата на сила против мирните демонстранти во Мјанмар и смртта на стотици цивили, вклучувајќи жени и деца, но ја отфрли заканата за можна акција против војската по пучот од 1 февруари.

Заедничката изјава предложена од Велика Британија беше поддржана од сите 15 членки на СБ, и по интензивните преговори што почнаа во средата попладне.

Во соопштението се изразува „длабока загриженост“ од наглото влошување на состојбата во Мјанмар и се повикува војската да оствари максимална воздржаност.

Нацрт-изјавата беше многу построга и предвидуваше понатамошни чекори, но по бројни консултации, постојниот текст беше усвоен.