• 20.04.2021 22:21

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Советот на Руската Федерација го ратификуваше договорот „НОВ СТАРТ“ на пет години

Горниот дом на рускиот Парламент едногласно го ратификуваше договорот за контрола на нуклеарното оружје – Нов СТАРТ на пет години, што беше предложен од претседателот на Русија, Владимир Путин.

– Тоа е добар договор кој исцрпно ја обезбедува националната безбедност на Русија. Доколку овој договор не беше продолжен, ќе отвореше нови можности за понатамошна трка во вооружувањето, изјави претседателот на Комитетот за меѓународни работи на руската Дума, Константин Косачев.

Кремљ вчера соопшти дека САД и Русија се согласиле за продолжување на договорот, потпишан во 2010 година, што треба да истече следниот месец.

Минатата недела американскиот претседател Џозеф Бајден предложи петгодишно продолжување на овој договор, познат како Нов СТАРТ, со кој Русија и САД меѓусебно се ограничуваат по прашањето на нуклеарно оружје.