• 21.04.2021 05:13

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Со измени на законот за игри на среќа, над 8000 луѓе ќе останат без работа

ByHristijan Risteski

Jan 24, 2021

Министерство за финансии подготвува измени на Законот за игрите на среќа и за забавните игри кои предвидуваат просториите во кои се приредуваат игри на среќа да бидат оддалечени на половина километар од училиштата и факултетите.

„Ваквиот начин на уредување дава можност младата популација да има лесен пристап до игрите на среќа. Согласно постојното законско решение, приредувачите на игри на среќа во обложувaлница и автомат клуб, со добивањето на една лиценца за автомат клуб и обложувалница имаат можност да отворат неограничен број на деловни простории односно уплатно исплатни места. Ваквиот начин на отворање на деловните простории за приредување на игри на среќа на автомати, има позитивни ефекти само за приредувачите, на кои им се овозможува со плаќање на надоместок само за една лиценца да отворат голем број на деловни простории, а негативни ефекти врз Буџетот на Република Северна Македонија заради помалку остварените приходи по овој основ“, укажуваат од Министерството за финансии.

Додека пак од Асоцијацијата на спортски обложувалници АСОМ сметаат дека се неприфатливи измените на Законот за игрите на среќа зашто ќе доведат до целосно затварање на индустријата, губење на илјадници работни места и огромни загуби за државниот буџет.АСОМ реагираше по објавата на Единствениот национален електронски регистар на прописите ЕНЕР за почеток на подготовска на закон за измена и дополнување на Законот за игрите на среќа и забавните игри.