• 03.08.2021 22:59

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Со филмот „Совршената дадилка“ ќе се отвори Месецот на Франкофонијата

Францускиот институт во Скопје и Кинотеката на Македонија имаат чест да ве известат дека в четврток, 4 март 2021, во 20 часот, во Кинотеката на Македонија, ќе се одржи премиера на филмот „Совршената дадилка“ со што ќе се отвори Месецот на Франкофонијата.

Се работи за екранизација на истоимениот славен роман на Лејла Слимани, за којшто авторката, во 2016 година, ја доби Гонкуровата награда, а е во режија на Лиси Борлето (2019, 1h40).
Главните улоги ги толкуваат Карин Вијар, Лејла Бекти и Антоан Рајнхард.

„Еден особено напнат трилер во стилот на Хичкок и Полански, суптилен и динамичен. Филмот совршено ги отсликува стравовите на модерното време“ (критика на магазинот Трансфуж), додека неделникот Ле Поен ќе напише „брилијантен и истовремено застрашувачки“.


Филмот е со превод на македонски јазик.

Пред проекцијата, ќе се одржи промоција на преводот на македонски јазик на истоимениот роман од страна на издавачот Антолог, чие издание беше поддржано од страна на Францускиот институт во Париз, во рамките на програмата за поддршка на издавачката дејност во други земји.

Резервација на влезници во Кинотеката на Македонија, а проекцијата ќе се изведе согласно протоколите за заштита од Ковид 19. Бројот на влезници е ограничен на 30.