• 20.04.2021 17:34

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Старџен најави нов референдум за независност на Шкотска доколку СНП победи на изборите во мај

BySarissa Editor

Jan 25, 2021

Шкотската премиерка, Никола Старџен, изјави дека има намера да одржи „законски референдум“ за независност од Велика Британија доколку победи на изборите во Шкотска закажани за мај.

Американските медiуми пренесуваат дека ваквиот потег ќе доведе до неминовен судир со премиерот Борис Џонсон, кој е против повторното гласање за отцепување.

На референдумот во 2014 година Шкотска гласаше за останување во Велика Британија со 55 отсто од гласовите на избирачите. За нов обврзувачки референдум е потребно одобрување од британската Влада, а Џонсон инсистира на – не.

Старџен за Би-Би-Си потврди дека Брегзит ја смени ситуацијата со повлекување на Шкотска од Европската унија против волјата на граѓаните од тој дел на Велика Британија. На референдумот во 2016 година тесно мнозинство гласачи во Велика Британија одлучија да ја напуштат ЕУ, но големото мнозинство во Шкотска гласаше за останување.

Старџен наведува дека нејзината Шкотска национална партија (СНП) ќе учествува на изборите во мај за да побара мандат од шкотскиот народ за нов референдум.

-Доколку СНП ги добие изборите во Шкотска за неколку месеци со предлог на народот да му се даде таквиот избор, кој демократ ќе може да му застане на патот. Борис Џонсон очигледно се плаши од пресудата и волјата на шкотскиот народ, рече Старџен.

СНП најавува дека доколку во мај освои мнозинство во шкотскиот Парламент, ќе донесе закон со кој се дозволува нов референдум по завршувањето на пандемијата на коронавирусот.