• 22.04.2021 00:47

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Стерјовски: Во пограничниот регион помеѓу Албанија и Македонија се населени Македонци

BySarissa Editor

Jan 17, 2021

Васил Стерјовски е еден од најактивните пратеници во законодавниот дом на Албанија. Тој е првиот пратеник во албанскиот Парламент во демократската Албанија, кој доаѓа од партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), но и воопшто како пратеник кој јавно се декларира како Македонец во Албанија. Тој е генерален секретар на партијата Македонска алијанса за европска интеграција за положбата на македонското малцинство во Албанија; заменик-претседател на партијата на Македонците, Македонска алијанса, и беспоштеден борец за правата на Македонците во Албанија.

Стерјовски е познат активист за правата на Македонија во Албанија. Во биографските податоци на овој перспективен Македонец е забележано дека тој е роден во Корча на 17 мај 1982 година, а неговите родители се од село Горна Горица, Мала Преспа, каде и тој живееше до пред десетина години. Основното образование го завршил во ОУ „Отпорот на Горичени“, во село Долна Горица, а средното образoвaние во Гимназијата „Трајан Георгиевски и Митре Колевски“ во Пустец. Во 2006 година дипломирал на групата Историја на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Mетодиј“ во Скопје. Запишан е на докторските студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Македонија, на Институтот за национална историја на студиската програма на хуманистички науки, подпрограма Историја на Македонија, со потесна област на истражување Македонците во Албанија.

Според него, италијанските, бугарските и француските документи од 1923 година, потврдуваат дека луѓето населени во пограничниот регион помеѓу Албанија и Македонија се чуствувале и изјаснувале за Македонци, иако во тој период немало македонска држава.

https://www.facebook.com/1038927768/videos/10212647343792047/