• 21.04.2021 08:56

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Столтенберг: И покрај зголемениот буџет, поддршката на граѓаните е голема

И покрај пандемијата на коронавирус, земјите-членки на НАТО продолжиле да ги зголемуваат буџетите за одбрана, кои растат шеста година по ред, а поддршката на граѓаните за членство во Алијансата останува голема, рече генералниот секретар на НАТО.

Годишниот извештај на генералниот секретар Јенс Столтенберг ги опфаќа активностите и достигнувањата на Алијансата во 2020 година, вклучувајќи ги и напорите на Алијансата да не се претвори здравствената во безбедносна криза. Се зборува и за иницијативата НАТО 2030, приоритетите на Алијансата во следните 10 години да останат воено силни и политички влијателни. Извештајот ги вклучува и резултатите од истражувањето за тоа како јавноста го перцепира НАТО.

Минатата година земјите-членки ги зголемија трошоците за одбрана за 2,7 проценти во споредба со претходната 2019 година.

Минатата година, членките на НАТО потрошиле вкупно 1.028 милијарди американски долари за одбрана, што е за 27 милијарди повеќе отколку во претходната, 2019 година. Најголемиот дел од таа сума паѓа на Соединетите држави, кои одвоиле 717 милијарди долари, додека другите 28 членки одвоиле 311 милијарда евра. НАТО има 30 членки, но Исланд не е на оваа листа затоа што нема војска и нема трошење на одбраната.

Во 2014 година, НАТО постави цел членките да ги зголемат трошоците за одбрана на најмалку два проценти од нивниот БДП до 2024 година, од кои 20 проценти ќе бидат за воена опрема. Минатата година 11 земји-членки ја постигнале таа цел. Најголем дел од нејзиниот БДП издвојуваат САД, 3,73 проценти, Грција, 2,6 проценти, Естонија, 2,3 проценти и Велика Британија, 2,32 проценти.

Хрватска издвоила 1,83 проценти од БДП. Луксембург 0,57 проценти, Белгија 1,07 проценти, Словенија 1,10 проценти и Шпанија 1,17 проценти.

Според истражувањето спроведено минатата година, мнозинството граѓани во земјите членки го поддржуваат членството во НАТО – 62 проценти, што е за два процента помалку од 2019 година. На прашањето „како би гласале за или против членството во НАТО“, 11 проценти одговориле дека ќе гласаат за напуштање на Алијансата, а 62 проценти за членство.

НАТО има најголема поддршка во Албанија, 94 проценти, Литванија, 83 проценти, Полска, 82 проценти.

Најмала поддршка е забележана во Црна Гора, 50 проценти, додека 30 би гласале за заминување. Следува и Франција со 50, но 13 проценти би гласале за излез, следена од Словачка, 51 за и 27 проценти против.