• 30.07.2021 15:59

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Стојановски: На Матка четврти ден нема автобус- патот четири дена е замрзнат, а граѓаните одат пешки 3 километри!

BySarissa Editor

Feb 16, 2021

Претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Сарај преку статус на Фејсбук пишува дека четврти ден Горна и Долна Матка немаат автобус.

-Почитувани граѓани,
Четврти ден Горна Матка и Долна Матка немаат автобус. Четврти ден патот е замрзнат и оние граѓани кои немаат автомобил одат пеш 3 км до соседните села па одтаму се качуваат во автобус.
Колку ли еден градоначалник треба да е незаинтересиран за своите граѓани што еден обичен пат од неколку км го остава замрзнат и граѓаните остануваат на милост и немилост.
Еве сонцето изгреа, денес ќе биде времето погодно за топење на мразот по улиците па Петре Шилегов и неговите заспани институции ќе нема потреба да се грижат за граѓаните на Сарај.
Никогаш повторно лош татко на градот Скопје, стои во неговиот пост на Фејсбук.