• 03.08.2021 21:46

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Сто години од атентатот на Ѓорче Петров во Софија, идеологот на ВМРО

Во Софија на денешен ден пред сто години (1921) бил убиен Ѓорче Петров, една од личностите кој целиот свој живот го посветил на борбата за слобода на македонскиот народ. Тој бил еден од најверните идејни соработници на Гоце Делчев и истакнат заштитник на целите и на принципите на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација. Иако бил противник за предвремено кревање востание на македонскиот народ, тој зел активно учество во Илинденското востание од 1903 година. Роден бил во Варош, Прилепско, на 2 април 1965 година.

Георги Петров Николов, како што е неговото крштелно име, бил македонски професор, публицист, историчар, идеолог на Македонската револуционерна организација.

Се школувал во Прилеп, Битола, Солун и во Пловдив. Бил учител во Штип (1886-1887). Како учител во Скопје (1888–1891) соработувал со митрополитот Теодосиј Гологанов и ја поддржувал неговата идеја за возобновување на Охридската архиепископија.

Ѓорче Петров бил противник на врховизмот и на делбите на Македонија на Версајската конференција. Една од историските верзиии е дека бил убиен бил по наредба на Тодор Александров. Тоа историски не е конечно потврдено.