• 16.05.2021 18:35

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Текстилниот сектор пред колапс, нема државна помош преку петтиот пакет мерки

ByHristijan Risteski

Apr 11, 2021

Над 6.000 текстилни работници во земјава минатата недела се испратени дома, на колективен одмор, кој ќе им трае две недели. Ваквата одлука, која силно одекна во текстилните градови Штип, Прилеп и Кочани, од бизнис секторот ја образложија со тоа дека немаат ниту нови нарачки од странските партнери, ниту, пак, државна помош во исплата на плати.

Претставникот на штипските текстилни конфекции во Кластерот за текстил, Кирил Нашков, вели дека оваа е преодна фаза и се во исчекување.

Се надеваме дека вработените ќе ги вратиме назад на работа. Секако ако остане ваква црна сликата, моја претпоставка е дека дел од вработените воопшто нема да бидат повикани назад на работа. Но, каква ќе биде иднината понатаму ќе мора да почекаме, се надеваме дека вработените ќе ги вратиме назад на работа. Ако остане ваква црна сликата, моја претпостапка е дека дел од вработените воопшто и нема да бидат повикани да се вратат на работа – вели Нашков за МИА.

Над половина од штипските тектилни работници се на колективен одмор. Машините во погонети стивнаа, а автобусите со работниците изминатите шест дена во раните утрински часови и попладне не го прават сообраќајниот метеж низ штипските улици. Околу 7.000 работници работат во штипските конфекции, а според проценките на Нашков на принуден колективен одмор се околу 3.500 работници, вработени во околу 70 конфекции.

Нешков посочува дека државната помош од петтиот пакет на мерки не е за спас на фирмите, туку е за спас на работните места во реалниот сектор, кој се соочува со низа на проблеми и неизвесност, поради пандемијата и мерките во земјите од ЕУ, од каде што им пристиугнуваат и нарачките за работа.

Цело време ние инсистираме да се зборува за спасување на работните места, луѓето тоа малку го разобличуваат и говорат за спасување на фирмите. Напротив се работи за спасување на работните места. Ако добиеме помош од Владата, веројатно многу работни места ќе бидат зачувани. Затоа што компаниите ќе бидат во состојба да го сочуваат, спасат работните места, меѓутоа ако нема помош издатоците се премногу големи, за да фирмите ги издржат – вели Нашков.

Тој забележува дека во Штип има помали текстилни фабрики, кои веќе ставиле клуч на врата, а работниците се веќе на списокот на невработени.

Кај поголемите фирми имаме отпуштања кај дел од вработените, тие веќе го намалија бројот на вработени. Фирми коишто целосно затвараат се главно помалите, кои имаат вработено до 50 луѓе – вели Нашков.

Тој посочува дека на еден менаџер на текстилна компанија најтешко му е да донесе одлука, за да си замине на вработен кој над 20 години работи во неговата фирма.