• 11.04.2021 11:06

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

„Тешкото“ – орото на македонската гордост и тага

BySarissa Editor

Nov 24, 2020

Печатот на една цивилизација, а внатре во неа на едно време, може да се отслика во една игра, во едно оро. Содржината на играта на „Тешкото“ е печат на начинот на живеењето на луѓето и воопшто на општественото уредување

„Тешкото” е оро кое се смета за едно од најубавите и најтешките македонски ора. За него е многу напишано и многу зборувано бидејќи претставува важно дело на македонскиот музички фолклор. Географски како и носиите во кои се игра потекнува од областа Галичник во Северозападна Македонија, на планината Бистра. Во основа, потекнува од моментите кога печалбарите заминувале на печалба. Го играле на крајот од селото, на местото каде се разделувале со најблиските пред да се впуштат на патот кон непознатата исцрпувачка работа во туѓина. Но со тек на време прераснува во химна не само на печалбарството туку и на сета тежина и горчина собрана во македонските души низ безбројните векови робување.

Орото претставувало инспирација за многу уметници како за поетот Блаже Конески со поемата Тешкото така и за композиторот Тодор Скаловски со хорската композиција Македонско оро.