• 31.07.2021 16:47

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Токсичен феминизам

BySarissa Editor

Dec 16, 2020
Сашо Петковски

Вистинскиот феминизам е тивок, а не нападен. Феминизмот треба да биде самопочит на жената. Учење кое ќе ја издигне, усоврши како особа и ќе ја прикаже како пример, без тоа таа да го бара на сила. Жената треба да биде едуцирана и треба да ги знае своите вредности. Таа треба се движи кон успех во општеството бидејќи нејзиното место е заслужено во него уште од самото раѓање. Мажот и жената се на еднакво интелектуално ниво и како такви треба заедно да соработуваат за подобро утре на идните генерации.

Силна жена се гради со силна самодоверба. Таа треба да ги отфрли негативните и стереотипни мислења на просечниот маж, па дури и тие на останатите просечни жени. Мислењето на останатите нема никој од нас да го направи подобрар човек, туку самите ние.

Првата стапка за градење на самодоверба е слободата. Жената мора да биде слободна и слободно да размислува. Таа не треба да биде зависна од мажот материјално и емотивно. Сведоци сме на многу жени кои се заглавени во токсични врски поради емотивни навики кон партнерот, а уште почесто поради материјално – финансиски причини. Основен столб на слободата е независност и жената само како таква може свесно да одлучи со кого взаемно ќе ја исполнува својата среќа.

За сето тоа е потребна решителност. Потребно е жената да знае што точно сака во животот. Се разбира тоа не е лесно и не може никој да го осознае преку ноќ. Затоа преку едукација од родителите од најрана возраст, a потоа преку општото образование, како и преку самоедукација во оваа доба на информации може да се добие една слика како личноста може да искреира приближно перфектна слика за нејзината иднина. Човек што знае што сака и e решителен во тоа да го постигне, него никој не може да го спречи. Потребни се години, но сепак секоја жена во одреден момент може да се осознае, која е, што ја прави среќна и што треба да прави понатака во животот за да биде исполнета.

Вистинската жена е свесна дека не постојат машки и женски работи. Секој треба да го прави она во кое се има пронајдено и во кое е добар. Многу жени знаат да се пофалат дека умеат да направат “машка работа” или пак дека се добри во извршување на “машки” функции. Сето тоа е погрешно. Жената која има самодоверба не треба да го прави тоа бидејќи таа знае дека не е ниско класно битие кое некако успеало да научи нешто што го прават мажите.

Најлесниот и најубав начин жена да импресионира некого е преку нејзината интелегенција. Никогаш нема да добиеме почит со телесно и материјално импресионирање. Така жената може да направи слика дека  е само материјално добро и освен што би служела за материјална корист не би добила вистинска почит, туку лажна слика се додека трае потребата.

Жената не е роб за да би морала да ги извршува домашните работи. Како што напоменав не постојат машки и женски обврски и затоа жената треба да е свесна за тоа. Така во иднината таа би имала поделени обврски со мажот во зависнот од местото и времето и тие би биле еднакви учесници во градењето на својот брак и среќа.

Иако личноста по сите овие наброени точки може да се усоврши во свесна и силна жена сепак таа може да помогне и во усовршување на мажите како комплетни личности кои ги почитуваат жените. Сето тоа може да го постигне како мајка и како родител кој доколку има син едуцирајќи го да го подготви во иден маж, вистински маж кој ќе ги знае вистинските вредности на жената и како личност која нема да ја гледа како роб, секс објект или пак како понизно битие во однос на машкиот род.

Онаа жена која знае што сака, онаа која е среќна и исполнета, онаа која има вистински животни вредности и остава добри примери во општеството,  таа жена е вистинскиот феминизам. Тој е вистинскиот феминизам кој ќе стекне почит од сите, и мажи и жени и ќе биде пример за сите идни генерации. Таа жена никогаш нема да заврши со маж кој нема да ја сака и да ја гледа без почит, туку со маж кој ќе ја прави среќна и ќе ја гледа како дел од него.

Тоа е феминизмот кој треба да се изучува и кој е продуктивен и просперитетен, а не оној токсичниот кој е лош, непродуктивен, непроспритетен, полн со омраза и во ништо не се разликува од токсичната машкост.

Токсичниот феминизам се состои од омраза кон машкиот род.Тоа е учење кое има за цел жените да ги мразат мажите, користејќи примери од примитивни мажи кои воопшто не го претставуваат вистинското лице на еден нормален човек. Еден од многуте примери е Софи Луис која цврсто ја пропагира нефункционалноста на семејството како институција. Таа има издадено книга “Family abolition”  или уништување на семејстото. Токсичниот феминизам учи дека жената или не треба да има партнер затоа што е прескапоцена за био кого или пак дека треба да има безброј партнери и да не се врзува само за еден. Сето тоа е погрешно исто како што истото би било и за еден маж доколку би ги следел истите примери. Таа токсична филозофија цели жените да немаат деца, цели жените тотално да се посветат на кариера за да успеат во животот.

Погрешни вредности кои воопшто нема да ја направат жената среќна, бидејќи кариерата и значењето на парите има крај. Има точка каде повеќе нема да ни значат и нема да не исполнуваат. Тогаш ќе останеме сами и небитни за никого. Секоја жена како изградена личност знае дека е возможно да има и кариера и да го има најдрагоцениот дар – детето. Сето тоа е возможно со поддршка од партнерот кој треба да има разбирање за неговата сопруга или партнерка. 

Гледаме и безброј примери како таканаречени феминистички организации изразуваат јавна непочит или исмевање на религијата, како таа да е крива за нивниот животен неуспех. Најсвежо сеќавање за ваков пример се упадите на феминистите во црквите низ Полска. Тие влегуваа во црквите на сред миса, врискајќи по сите присутни, извикувајќи погрдни зборови, цртајќи свастики по ѕидовите и пишувајќи перверзни зборови. Гледаме и жени што заради нивно недоволно познавање, навлегувале во токсични врски со примитивни мажи и потоа незадоволни ги мразат сите останати. Оваа филозофија ја учи жената дека нејзиното тело требада го користи за успех во кариерата и дека треба да биде неемотивно битие колку е можно повеќе.

Сите овие негативни особини се предизвикани од комплекс кој е створен од непознавање и недоволна едукација. Затоа едукација е најосновниот пример и отскочна даска за жената за успех во општеството како икруцијално за почит кон неа. Мажот е тој кој треба безрезервно да го почитува и поддржува женскиот род и самото општество да го цени нивниот труд како еднаков, исто како што се еднакви жената и мажот.

Иако еднакви битија  мажот и жената, тие сепак се засебни. Тоа не значи дека некој од нив е подобар и посовршен. Ниту мажот е супериорен во однос на жената ниту обратно. Тие имаат своја специфична енергија. Тоа што една жена може да му го даде на мажот, не може никој, а нути пак тоа што може мажот да и го даде на жената може некој да го замени. Различни, но еднакви, тие заедно ја претставуваат формата на едно перфектно и совршено човечко битие.