• 04.08.2021 02:05

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Трамп се соочува со второто гласање за импичмент

BySarissa Editor

Jan 13, 2021

Само неколку дена пред да заврши мандатот на претседателот Доналд Трамп, тој се соочува со уште едно гласање за импичмент. Демократите бараат да се започне тој процес денес. Со гласањето во Претставничкиот дом ќе се види дали има поддршка за продолжување и ескалирање до Сенатот. Гледајќи како демократите го контролираат Домот, денешното гласање е многу веројатно дека ќе оди во нивна полза.

Она што е интересно да се следи е колку републиканци ќе им се придружуваат на демократите. Во 2019 година, ниту еден републиканец од Претставничкиот дом не гласаше за импичмент на Трамп. И кога процесот стигна до Сенатот, само сенаторот републиканецот од Јута, Мит Ромни го прекина единството во републиканската партија. Но, овој пат некои републиканци веќе сигнализираа поддршка за предлогот.

Лиз Чејни, третиот најстар републиканец во Претставничкиот дом и ќерка на поранешниот потпретседател Дик Чејни, вети дека ќе го поддржи импичментот. Таа рече дека Трамп „ја повикал, ја собрал толпата и го запалил пламенот на овој напад“. „Никогаш немало поголемо предавство од страна на Претседател на Соединетите држави на неговата канцеларија и неговата заклетва кон Уставот“, додаде претставнчката на Вајоминг. Други тројца членови на републиканскиот дом – Џон Катко, Адам Кинцингер и Фред Аптон – рекоа дека исто така ќе гласаат за импичмент.

Трамп е обвинет за поттикнување на неговите приврзаници да упаднат во Капитол. Импичментот официјално ќе го обвини претседателот за поттикнување востание.