• 21.04.2021 00:42

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Три претходни претседателски избори кои беа решени во “продолжетоци”

На 1 декември 1800 година Изборниот колеџ ги објави резултатите. Ендру Џексон освојува најмногу гласови на Изборниот колеџ, 99 наспроти 84 за Џон Квинси Адамс (син на вториот американски претседател и еден од “основачите татковци”). Сепак, Џексон не го освојува минималното мнозинство од изборните гласови (тогаш 131) потребни за победа.

Овогодишните американски претседателски избори не се првите за кои победникот се одлучува на суд или во Конгрес.  Фред Лукас во неговата книга „Загадени од сомнеж: Тајните зделки и изборниот хаос во спорните претседателски избори“, американската историја се запиша уште четири пати кога се водеа судски спорови за претседателски избори, преку судови или Конгрес, долго по денот на изборите.

1. Aдамс, Џексон и „Корумптивна зделка“ од 1824 година

Џон Квинси Адамс – Ендру Џексон

Пред гласањето, во весник во Филаделфија, Колумбиски набљудувач, објави анонимно писмо, во кое се тврди дека Вилијам Клеј (Спикер во Претставничиот дом и претседателски кандидат кој го освојува четвртото место) ќе го поддржи Адамс за возврат за именување за Државен секретар. Ова Клеј остро го негира. Исто така Клеј и Адамс се согласуваат во голем дел од политиките како на пример инфраструктура, тарифи и Народната банка.

Претставничиот дом се состана на 9 февруари 1825 година, секоја држава има по еден глас за кој кандидат ќе гласа. Името на кандидатот Адамс преовладувае. Клеј ги пренасочува гласовите на сојузните држави Кентаки, Мисури и Охајо – кои што тој ги освои – за Адамс. Клеј исто така лобира кај делегатите во Претставничкиот дом од три држави што ги освои Џексон – Илиноис, Луизијана и Мериленд – да гласаат во полза на Адамс. Ова му дава на Адамс мнозинство од 13 од 24 држави.

Адамс всушност сака да го именува Џексон за Воен секретар (денешен Државен секретар), но Џексон има друг план – да се кандидира за Претседател на избори.

На 14 февруари, Клеј ја прифаќа понудата на новоизбраниот претседател Адамс да служи како негов Државен секретар. Џексон и неговите приврзаници настанот веднаш го нарекуваат „коруптивна зделка“ меѓу Адамс и Клеј. „Јуда на Западот го склуќи договорот и ќе добие триесет сребреници. Неговиот крај ќе биде ист“, изјавува Џексон за Клеј. Ендру Џексон го победува Џон Квинси Адамс на следните избори и ја извршува функцијата Претседател два мандата.   

2. Хејс, Тилден и крајот на Реконструкцијата на југот

Самуел Тилден – Радерфорд Хејс

На 25 јануари 1877 година, Сенатот гласа со 47-17 за формирање Изборна комисија со пет Сенатори, Конгресмени и пет Врховни судии за решавање на спорот помеѓу Радерфорд Б. Хејс и Самуел Тилден.

Според предлогот, одлуката на двопартиската изборна комисија ќе биде конечна, освен ако не биде надгласана од двата дома на Конгресот. Еден ден подоцна, Претставничкиот дом гласа 191-86 за усвојување на нацрт-законот, а претседателот во заминување Јулисис С. Грант го потпишува на 29 јануари.

Во писмото до лидерите на Сенатот и Претставничкиот дом членовите на Изборната комисија сметаат дека составот е скоро нераспадлив. Некои републиканци веруваа дека владите за реконструкција во јужните држави можат да обезбедат победа за Хејс. Радикалните републиканци интензивно тврдат дека претседателот на Сенатот Томас Фери има единствена уставна моќ да ги потврди резултатите на претседателските избори.

Кога гласањето на Флорида оди во Конгрес, Сенатот контролиран од републиканците гласа за потврда на Флорида за Хејс, а Домот под контрола на демократите гласа за отфрлање на наодите на Изборната комисија.

Претежно од техничка и практична причина, Комисијата му ја доделува Луизијана на Хејс со 8-7 гласа. Јужна Каролина во тоа време е скоро формалност за победа на Хејс. Тој веќе започнува да работи на своето инаугуративно обраќање за 17 февруари.

Единствената надеж за демократите е да ја одложат неизбежната одлука и да се заканат со хаос по 4 март, без претседател на функцијата. Претседателот на Претставничкиот дом, Самуел Рендал, демократ од Пенсилванија, ја води таа акција.

Кон крајот на февруари, комисијата гласа со 8-7 за доделување на единствениот спорен глас во Орегон за Хејс. Повторно, републикански доминираниот Сенат го одобрува заклучокот, додека Демократскиот дом го отфрла. На 26 февруари 1877 година, Изборната комисија ги слушна аргументите на адвокатите за Јужна Каролина. Таа ноќ, четворица јужни демократи Џон Браун и Хенри Вотерсон од Кентаки, сенаторот B.Б. Гордон од Џорџија и конгресменот В.М. Леви од Луизијана, се состануваат со четворица републиканци – сенаторите Стенли Метјуз и Џон Шерман и конгресмените Чарлс Фостер и Џејмс Гарфилд (подоцна претседател и единствен конгресмен што е директно избран за претседател). Нивната цел е да видат дали може да се постигне договор за да се спречат демократите во Претставничкиот дом да ги блокираат резултатите. До следното утро, претставниците се договараат да го запрат блокирањето на резултатите на Изборната комисија, под услов да се стави крај на Реконструкцијата на југот, да се назначи јужен демократ во Претседателскиот кабинет и да се обезбедат федерални пари за проекти на југот.

Ова е рамката на “Компромисот од 1877 година”, што го растура единството на Демократската партија.

Следниот ден, Комисијата му ги додели изборните гласови на Јужна Каролина на Хејс. Во 4:10 часот наутро на 2 март, последната пречка за расправа е расчистена и на заедничката седница Радерфорд Б. Хејс е прогласен за Претседател со 185 изборни гласови наспроти 184 за демократот Самуел Тилден.

3. Буш, Гор и Врховниот суд

Ал Гор – Џорџ Буш

Гласачките ливчиња во поновата истори во САД се пребројуваат електронски на машини. Правниот тим на Ал Гор бара рачно пребројување на гласачките ливчиња во упориштата на демократите во Флорида. Гор во тој момент има 266 изборни гласови,  Џорџ В. Буш 246. Демократите се пресреќни. На 9 ноември, рачното броење покажува дека Буш води со разлика од 1.784 гласови од скоро 6 милиони гласови во Флорида – доволно мала разлика за да се побара рачно пребројување на гласовите во сите 67 окрузи.

Највисокиот изборен службеник, државниот секретар на Флорида Кетрин Харис, им дава рок на окрузите до 14 часот на 15 ноември да дадат причини зошто би требало да направи уште едно пребројување. На тој ден, Харис ги одбива причините за барањата од демократските окрузи Броуард и Палм Бич да извршат рачно пребројување. Со поддршка од адвокатскиот тим на Гор, окрузите го пријавуваат овој случај до Врховниот суд во Флорида, каде што сите седуммина судии се назначени од Демократите. Државниот висок суд суди во полза на окрузите и дозволува рачно пребројување и во Палм Бич и во Броуард.

Адвокатскиот тим на Буш се поднесува жалба до Врховниот суд на САД, велејќи дека Врховниот суд на Флорида го прекршува законот за државни избори, узурпирајќи го овластувањата на законодавниот дом на Флорида за утврдување претседателски избирачи.

Тимот на Буш, исто така, тврди дека броењето на избраните демократски окрузи претставува кршење на принципот “еден човек, еден глас” од 14тиот амандман на Уставот на САД, бидејќи гласовите во окрузите Мајами-Даде, Броуард, Палм Бич и Волусија ќе се бројат, а гласачките ливчиња од другите окрузи во Флорида ќе се игнорираат. Судиите се согласија да ја сослушаат  жалбата на тимот на Буш. На 26 ноември, Харис го прогласува Буш за победник со само 537 гласа повеќе од Гор.

Тимот на Гор ја обжалува одлуката на 6 декември, барајќи од Врховниот суд на Флорида итно рачно пребројување во окрузите Мајами-Дејд и Палм Бич. На 8 декември, тој суд гласа за рачно пребројување на ливчиња без запишан глас. Понатаму, судот дозволи пребројување на 9.000 гласови.

Високиот суд на САД чека до 22 часот на 12 декември. Конзервативните врховни судии, поддржани од либералите Дејвид Соутер и Стивен Брејер, гласаат во полза на Буш во пресудата од 7-2, според која броењето само на демократските окрузи ја прекршува клаузулата “еден човек, еден глас” на 14-тиот амандман на Уставот.

Сепак седум од деветте судии застанаа на страната на Буш во аргументот за еднаква заштита, четворица судии инсистираат на Флорида да и се даде повеќе време за броење на гласовите.

Џорџ В. Буш ја освои претседателската функција освојувајќи 271 електорски глас наспроти 266 за Ал Гор.

Веста е превземена од Дејли Сигнал