• 20.04.2021 19:58

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Уапсени соработници на Навални, опозицијата во Русија најавува големи протести

ByJane Jancheski

Jan 22, 2021

Руските власти уапсија блиски соработници на опозицискиот лидер Алексеј Навални, кој беше уапсен на аеродромот во Москва во неделата, откако се вратил од Германија каде се лекувал по обидот за труење.

Портпаролката на Навални, Кира Јармиш беше приведена преку ноќ откако повикала на протести, објави на Твитер, додавајќи дека ќе остане во притвор девет дена. Приведени се и координаторите на приврзаниците на Навални во Владивосток, Краснодар и Калининград.

Утре треба да се одржат протести против притворањето на Навални и државната репресија во околу 70 руски градови. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков ги предупреди граѓаните да не учествуваат во овие незаконски протести.

Навални мора да остане во притвор 30 дена. Руското правосудство го товари за кршење на условната слобода со одење во Германија на лекување.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денес го повика рускиот претседател Владимир Путин да го ослободи Навални и да спроведе транспарентна истрага за неговиот обид за атентат.

-Во денешниот разговор со претседателот Путин повторив дека ЕУ е единствена во осудата на притворањето на Алексеј Навални и во повикот тој моментално да биде ослободен- напиша Мишел на Твитер.