• 14.04.2021 17:44

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Укинување на санкциите или изработка на нуклеарно оружје, Иран со закана кон Западот

Иранскиот министер за разузнавачки работи, Махмуд Алави денеска ги предупреди западните земји дека продолжување на меѓународните санкции „го бутка“ Иран кон изработка на нуклеарно наоружување, пренесе денеска државната телевизија.

Оваа изјава на министерот може да се стави во ретките каде ирански функционери го споменале враќањето на Техеран на својата нуклеарна програма, бидејќи Иран долго време тврди дека станува збор за програма со мировна цел, пренесува АП.

Врховниот верски лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи во 1990 година издаде фатва, во која се кажува дека нуклеарното оружје е забрането.

– Нашата нуклеарна програма е насочена кон мирот, фатвата на нашиот врховен лидер го забранува нуклеарното наоружување, но ако Иран биде притиснат кон друг правец, тогаш тоа нема да биде наша грешка, предупреди Алави.