• 04.08.2021 10:46

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

„Успешно учество на јавните набавки во 2021 година“- Еднодневен онлајн семинар на Стопанска комора на Македонија

ByHristijan Risteski

Jan 29, 2021

Правила и предизвици при изготвување и при поднесување на електронските понуди: најчести предизвици и прашања на економските оператори и предностите што ги нуди електронскиот систем за јавни набавки

По кризната 2020 година очекувањата се дека во 2021 година јавните институции и компаниите постепено ќе се вратат на нормално функционирање и на спроведување на јавните набавки. За таа цел, Стопанската комора на Македонија, поради огромниот интерес за оваа тема, која е секогаш актуелна, организираше „онлајн“ семинар на тема „УСПЕШНО УЧЕСТВО НА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ ВО 2021 ГОДИНА – правила и предизвици при изготвување и при поднесување на електронските понуди: најчести предизвици и прашања на економските оператори и предностите што ги нуди електронскиот систем за јавни набавки“.

 Целта на семинарот беше преку стручен, теоретски, но и интерактивен и практичен пристап да им се претстават на учесниците правилата и предизвиците при изготвувањето на понудите, како и да се презентираат насоките за практично користење на електронскиот систем за јавни набавки од страна не економските оператори, презентирајќи им ги истовремено и измените воведени со новиот Закон за јавните набавки. Исто така, предавачите направија осврт и на најчестите пропусти и грешки што ги прават понудувачите при подготвувањето и при поднесувањето квалитетни понуди, а добија и одговори на многу други прашања.

Предавачи на семинарот беа изготвувачите на Законот за јавни набавки, а воедно и експерти за јавни набавки и ЕУ/УНДП/ЦИПС сертифицирани обучувачи за јавни набавки со долгогодишно искуство во областа, вработени во Бирото за јавни набавки (БЈН): Марија Јованоска, раководител на сектор во БЈН и Горан Давидовски, помошник раководител на сектор во БЈН.