• 04.08.2021 10:45

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Уставен суд конечно ќе одлучува за Законот за јазици и Преспанскиот договор

BySarissa Editor

Mar 18, 2021

Уставниот суд денеска ќе одржи подготвителна седница за предметите во кои е оспорена уставноста на Указот за Законот за ратификација на договорот со Грција, познат како Преспанскиот договор и на Указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците.

Судиите ја донесоа оваа одлука по неколкуте одржани работни состаноци на кои биле разгледани прашања поврзани со овие предмети, односно по пристигнатите иницијативи во меѓувреме.

Во контекст на Преспанскиот договор, ќе се разгледува и Законот за ратификација на Конечна спогодба за решавање на разликите опишани во резулуциите 817(1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на ОН за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните и Указот за прогласување на Законот, до нив се поднесени седум иницијативи. 

Меѓу подносителите на иницијативите се Светскиот македонски конгрес, професорката Солза Грчева, како и граѓани, додека за Законот за употреба на јазиците поднесени се вкупно 13 иницијативи започнати од 2019 меѓу кои од Светскиот македонски конгрес,ВМРО-ДПМНЕ, Левица, професорките Солза Грчева и Тања Каракамишева, како и од граѓани.

Двата законибеа изгласани во 2018 во Собранието, но тогашниот претседател Ѓорѓи Иванов одби да ги потпише указите, додека Владата тоа го протолкува како кршење на Уставот.