• 15.04.2021 03:30

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Утре ќе се одржи работилницата „Практики и искуства во реинтеграцијата на странски борци”, во организација на ЦБИ

BySarissa Editor

Feb 22, 2021

Центарот за безбедносни истражувања организира работилница насловена „Практики и искуства во реинтеграцијата на странски борци“, која ќе се одржи во комбиниран (онлајн/со физичко присуство) формат. Работилницата ќе се осврне на искуствата на државите од Југоисточна Европа и нивните решенија за справување со борците повратници од боиштата од Ирак и Сирија, кои заминаа од своите матични држави за да се придружат на терористичката организација ИСИС. Голем дел од тие лица денес веќе се вратени во своите држави и потребно е да се направи една анализа и истражување дали тие лица претставуваат безбедносен ризик.

Говорници на настанот ќе бидат директорот на ЦБИ, д-р Алексанадар Нацев и специјалниот советник за противтероризам во ЦБИ, г-дин Раби Седрак. Настанот ќе биде модериран од г-ца Драгана Каловска, и ќе започне од 18,00 часот, на 23.02.2021 година (вторник). Линкот за следење на настанот е следниов:

🔗 Линкот за пристапување кон настанот е: https://us02web.zoom.us/j/84224291890

🆔️ Meeting ID: 842 2429 1890

Домаќните ветуваат одлична дискусија која треба да отвори многу интересни прашања, и ќе се обидат да формулираат препораки за справување со оваа безбедносна закана.

Symptoms of COVID, caused by the novel coronavirus, include fever, cough and shortness of breath. cialis price Find out how to protect yourself.