• 21.04.2021 00:45

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

ФИБА одреди нов термин за средбите со Италија и Естонија!

ByHristijan Risteski

Nov 29, 2020

Македонската кошаркарска репрезентација дефинитивно нема да ги одигра квалификациските натпревари против Италија и Естонија во „балонот“ во Талин, а добрата вест е што овие средби нема да бидат регистрирани со службен резултат, откако ФИБА ги одреди новите термини за овие мечеви.

Жолто-црвените имаат најмалку тројца позитивни на Ковид-19, Љубомир Младеновски, Бојан Трајковски и Џејкоб Вајли, а дополнителното тестирање покажало нови сомнителни резултати, поради што е донесено најразумното можно решение. Избраниците на селекторот Александар Тодоров овие средби ќе ги одиграат во февруари следната година, за кога е предвиден последниот прозорев од квалификациите за ЕП 2022. Тогаш, наместо два, нашите момци ќе треба да одиграат четири натпревари, со надеж дека ќе бидат здрави и комплетни за да се соочат со предизвикот.

„ФИБА, земајќи ја предвид новонастанатата ситуација со особено внимание на безбедноста на сите учесници и спречување на понатамошно ширење на вирусот, донесе одлука да ги одложи двата натпревара кои нашите репрезентативци требаше да ги одиграат вчера односно утре. Па така, сениорите ќе се вратат од Естонија без да настапат, а натпреварите против соодветната репрезентација на Италија односно Естонија ќе бидат одиграни за време на третиот и финален прозорец од овој евроквалификациски циклус, предвиден да се одигра во уште еден балон во февруари идната година“, се вели во соопштението на КФМ.