• 31.07.2021 16:31

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

„Формирањето на АНБ, е само формална „реформа“ која суштински ништо не промени во државата, туку само не увери дека законите постојат за да се кршат!“

Одамна веќе (пред 22 месеци колку што веќе постои) утврдивме дека донесувањето на Законот за агенцијата за национална безбедност (АНБ), како и формирањето на самата АНБ, е само формална „реформа“ која суштински ништо не промени во државата, туку само не увери дека законите постојат за да се кршат (со тотално промашената и нелегитимна селекција на кадар од поранешната УБК, со неспроведувањето законски одредби – тест за интегритет, полиграфско тестирање и слично), коментира преку социјалната мрежа на Фејсбук универзитетскиот професор по одбрана и безбедност Александар Нацев.

Сега сме исправени пред нов предизвик со појавата на лицитација за имиња за евентуален следен директор на АНБ, во која лицитација се земаат во предвид блискост со партиски лидери, партиска поддршка, меѓународна поддршка и слично, а она најважното, Законот, односно условите кои ги предвидува членот од Законот за АНБ, за избор на директор, нормално (или не) повторно е на последно место и е подготвен за (повторно) кршење. Па така, еве мој скромен придонес, за јавноста да се потсети кои се условите кои треба да ги исполни едно лице кое има амбиции да биде директор на АНБ. Значи, да повторам, ова се условите, а не блискоста до Заев или до странците, пишува Нацев во својата објава.