• 21.04.2021 09:59

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Холандски избори 2021 година

На 17 март треба да се одржат парламентарните избори во Холандија. Моменталната влада е предводена од кабинетот на Марк Руте која е составена од победничката партија VVD-Народна партија за слобода и демократија, CDA- Христијанско-демократската партија, CU-Христијанската унија и D66- Демократи 66. Овој кабинет држи рекорд за најдолго задржан кабинет (225 дена) во холандската историја. Од вкупно 150 пратенички места оваа коалиција имаше 76, но во 2019 година членот на VVD, Вибрен Ван Хага беше исклучен од партијата по што тој стана независен пратеник и коалицијата го загуби мнозинството. На 15 јануари оваа влада падна, но сепак ги извршува должностите во овие 2 месеци додека не се одржат изборите.

Холандија го користи Донтовиот систем како изборен метод. Поделена е на 20 изборни единици но само за регионални избори, додека на национално ниво за парламентарни е како една изборна единица. Парламентот се состои од 150 мандати и потребни се 76 пратенички места за апсолутно мнозинство. Историски гледано такво мнозинство во холандија е многу тешко да се освои бидејќи гласачкото тело е распределено на повеќе партии за разлика од останатите европски држави каде се акумулирано во две или три силни партии.

Во моментов се регистрирани 89 партии кои земаат учество во изборите додека пола од нив +учествуваат во сите 20 изборни единици.

Најпопуларна партија е VVD. Тие се предводени од досегашниот премиер Марк Руте и освојуваат највеќе гласови во последните 4 изборни циклуси. Нивната идеологија е Конзервативен либерализам и со тоа се десно центристичка партија.

Втора партија по големина е PVV – Партија за слобода. Нејзин лидер е Герт Вилдерс, човек кој е многупати оцрнуван од холандските левичарски медиуми поради неговите класични десничарски ставови. Партијата е основана од Герт и од други членови кои се одвоиле од VDD заради сменетиот курс кон полиберални ставови во однос на доселениците и исламот. Неговата партија се залага за асимилација на сите доселеници како би се зачувала холандската култура, банирање на куранот и затварање на сите џамии низ Холандија, а од 2012 година се залага и за излез од европската унија и се едни од поголемите евроскептици во европа.

Христијанско-демократската  партија, некогашен победник и лидер на холандските избори сеуште има големо гласачко тело и како сојузник на VVD е дел од владеачката структура. Партијата е формирана 1977 година со фузија на Католичката народна партија, Анти-револуционерната партија и Христијанската историска унија. Нејзините ставови низ историјата биле десничарски. Се залагале против проширување на ЕУ и биле против користење на лесни дроги, проституција абортус и еутаназија. Но последните 15 години го смениле курсот кон класичен центар со либерални ставови. Партијата повеќе не промовира христијански вредности освен што го носи името и во неа членуваат и евреи и муслимани. Таа смена ги чинела да нивното гласачко тело да се распредели на VVD и PVV.

GL – Партијата на зелените на Холандија е формирана од фузија на комунистичката партија и пацифичката социјалистичка партија. Нејзините ставови се левичарски и крајно либерални во секој поглед. Тие иако на минатите избори освоија плус 10 пратенички места (вкупно 14) не успејаа во преговорите да се дел од владеачкото мнозинство.

Социјалистичката партија (основана како кумунистичка партија на марксисти и ленинисти на Холандија). Тие на почетокот имале Маоистичка идеологија и сеуште важат за партија кога протажира класичен комунизам. Зачудувачки оваа партија секогаш добива во просек по 20 пратенички места, а на последните избори имаше освоено 14.

Социјал-демократската партија на Холандија на минатите избори освои само 9 пратенички места. Тоа е партија која во осумдесетите и девеесетите освојуваше по 50 пратенички места и многу пати беше победник на холандските избори. Дури и кога биле поразени тие биле втората партија со највеќе освоени гласови и пратенички места. Денес социјал-демократите дожувуваат дебакл каде не можат да освојат повеќе од 10 пратенички места.

Останатите партии добиваат незначителен број на пратенички места, но би издвоил две партии кои се специфични.

Првата е Форум за демократија. Нејзин лидер беше Тиери Буде, млад политичар кој успеа да го освои срцата на десничарското гласачко тело. Партијата пред две години забележа огромен раст на популарноста заради незадоволни гласачи на VVD и PVV. Во тој период беше на прво место според анкетите и беа посочени како идни победници. Во меѓувреме поради избувнат скандал меѓу членови од нејзината младина, наводно со антисемитски содржини, го доведува рејтингот на партијата во колапс.

Другата партија е DENK. Партијата е основата од двајца со турско потекло кои се одвоиле од Социјал-демократите. Партијата се залага за негирање на делови од холандската култура, да го забранат Црниот Петко, да изградат музеј посветен на робовите од холандскиот империјализам, воспоставување на датабаза на расисти каде наводно ќе се запишува секој кој ќе изговори збор кој би можел да навреди некого и многу други наметливи идеи кон холандското општество. Партијата е позната и како муслиманската партија.

Според просекот на повеќето истражувачки центри пред оставката на Марк Руте, VVD имаа најголем рејтинг (43). Втори беа PVV на Герт Вилдерс со 21, трети CDA со 17, D66 со 13, GL со 12, SP со 11, PvdA со 10.  Владата на Руте се распадна поради скандалот со детскиот додаток. По овој акт рејтинзите во наредните месеци останаа речиси непроменети. Во месец јануари VVD води со 40, PVV и CDA со по 20, D66 со 15, GL со 12, SP со 9 и PvdA со 12. Во месец февруари десничарите бележат благ пад, но сеуште со водечки. VVD со 38, PVV со 22,  CDA со 20, D66 со 15, GL со 11, SP со 10 и PvdA со 12. Во месец март пред самиот почеток на изборите десничарите ја враќаат поддршката од испитаниците и VVD се повторно први со 39, PVV со 21, CDA со 17, D66, со 14, GL со 12, SP со 10 и PvdA со 11.  Од помалите партии Христијанската унија би имала 6, Партијата за заштита на животните би имала исто 6, а Форумот за демократија би имал 4.

Како што можеме да видиме рејтинзите на партиите се распределени скоро еднакво и ниту една партија не би можела да освои мнозинство. Владата ќе мора да се оформи од коалиција со најмалку 4 партии. Според рејтингот з бројот на пратеници најверојатно коалицијата би се состоела од  VVD, CDA  и D66, каде заедно би имале 70 пратеника и за мнозинство би им фалело само уште 6 пратеника. CU би требало да ги испорача тие 6 и можеби би успеале да вметнат уште една партија за да би имале постабилно мнозинство, за разлика од исходот од минатите избори во 2017 година.

Институтот за конзервативни политики – Сариса предвидува победа на VVD успешно формирање на влада, но сепак со лабилно мнозинство кое во иднина лесно би можело да падне.