• 11.04.2021 11:31

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Христос Воскресна! Денеска е католички Велигден!

Byurednik

Apr 4, 2021

Денеска католиците ширум светот и црквите кои се водат по грегоријанскиот календар, го слават најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден. Исус сам го оживеал своето мртво тело и на тој начин докажал дека Тој е Семожен Господ. Најголем доказ за своето божество дал кога излегол жив од гробот и се појавил пред својата мајка, заплашените пријатели и апостолите. Распнатиот и убиен Исус, воскреснал. Исчезнала темнината на Велики Петок и заблескало утрото на воскресението. Тоа светло веќе две илјади години на сите луѓе со добра волја им го покажува патот кон среќата и спасението.

Велигден е празник на победата на доброто над лошото, празник на повторно испружената рака на Бога кон човекот. Ова е ден кога смртта е поразена и на човекот му се нуди живот вечен.

На овој христијански празник, му претходи 40 дневен пост наречен „Коризма“, а пред тоа се слави празникот Прочка (Пепелница) за кој што се врзани низа обичаи.

Вапцаните јајца, козињакот и богатата трпеза која се носи во храмовите за Велигденската миса, се карактеристиките кои се пропратен дел од традицијата.

Исто така, традицијата налага домашните за среќа да каснат од благословените јајца кои претходно се носат на Велигденската миса. Веднаш по мисата се вечера во домашен  и празничен амбиент, збогатен со јагнешко месо и црвено вино. За ручек се спремаат њоки, паштицада, односно карактеристичен телешки сос, како и јагнешкото месо.

Честитки на сите кои го слават празникот по Грегоријанскиот календар.

Христос Воскресе, Навистина Воскресе.