• 20.04.2021 23:07

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Хуманизмот, емпатијата и грижата за помалку среќните е вредност која младите не смеат да ја загубат во модерното време

BySarissa Editor

Nov 20, 2020

На вчерашната панел дискусија дел од Караванот на Институтот за Конзервативни политики – Сариса, свое обраќање имаше и младата Тамара Митковска која што го предводи Клубот на млади конзервативци во Сариса, со свои мислења на темата „Политиките и вредностите на конзервативизмот“.

Дел од поентите од обраќањето на Тамара Митковска:

-Конзервативизмот денес е застапен во сите сфери на општествено делување, кои се однесуваат на политичкото, историското, културолошкото и останатите форми на општествено делување на луѓето. Но, многу од овие форми на делување со промените на модерното време, но и со начинот на кој властите делуваат стануваа незначителни, па и мислењето на поединците кои не прифаќаат брзи промени во општествените текови е запоставено, исто како што е занемарена вербата и религиозните заедници кои се повеќе исчезнуваат, кои што текови морам да кажам дека имаат нарушувачка улога во општеството и одат во насока на безмалку уништување на семејството како основна клетка.

За каква демократија впрочем ние говориме, ако во истата се забранува и уништува правото на традиционални вредности, како и запоставување на наследството од претходни генерации ? – праша Митковска.

Младите луѓе се клучот за конзервирање на демократијата која оди рамо до рамо со традиционалните вредности и основи од секојдневното живеење. Во моите колумни за Сариса и за Conservatives Global, пишувам повеќе за основните пет столбови на конзервативизмот, особено за младите луѓе.

Моралноста, конституираноста, чувството на припадност, ефективноста и конзистентноста се петте основи кои можат да се најдат во секојдневното живеење, а се однесуваат за секој можен аспект на функционирањето на поединецот, па морам да ја нагласам потребата од нивно имплементирање во живеењето како круцијална.

Впрочем вредностите кои се дел од овие пет основи на конзервативизмот се во суштина и основата на живеењето.

Митковска говореше и за улогата на црквата и релиогиозните заедници и нивното значење за општеството, како и насоката која ја дава вербата во олеснување на живеењето, како и учењето дека грижата за ближните и сиромашните е хуманистичка вредност која треба младите да ја негуваат.

Таа исто така ја изрази својата благодарност како дел од Клубот на млади конзервативци на Сариса да биде дел од соговорниците, како и сатисфакцијата за говорење на темата конзервативизмот кај младите луѓе и упати порака за сите млади луѓе кои би сакале да се придружат кон Клубот на млади конзервативци истото да го направат без двоумење.