• 21.04.2021 09:16

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Честит ден на Баталјонот за Воена медицинска поддршка, 21 Декември– Денот на единицата

BySarissa Editor

Dec 21, 2020

Баталјонот за Воена медицинска поддршка обезбедува зачувување и унапредување на здравјето на припадниците на Армијата, а со тоа и високата борбена готовност на единиците, командите и установите на Армијата. Негови задачи се:

  • Спроведување и контрола на превентивно-медицинските активности во единиците и установите на Армијата;
  • Примарна здравствена заштита на вработени во Армијата и МО;
  • Специјалистички здравствена заштита на вработени во Армијата и МО;
  • Медицинско обезбедување на:
    • Теренски активности на единиците на Армијата;
    • ВИП личности и делегации од земјата и од странство;
    • Учество на медицинскиот персонал во мировни мисии;
    • Носител на реализацијата на партнерската цел за формирање на Role-1 Мобилна полска болница за медицинска поддршка на Армијата;
    • Медицинска обука на персоналот од Армијата и МВР, како и на припадници на НАТО и ПзМ армии.

Баталјонот за Воена медицинска поддршка е особено значаен и дава огромен придонес преку своето учество во мировни мисии, и има учествувано во следниве мисии:

  • Учество со персонал во мисијата ИСАФ во Авганистан, во рамките на Здружениот медицински тим од земјите на Јадранската повелба (Македонија, Хрватска и Албанија) во 7 ротации, во периодот од 2005 до 2009 година;
  • Учество со персонал во 13 ротации во мисијата АЛТЕА/ЕУФОР во Босна и Херцеговина, во периодот од 2006 до денес;
  • Учество на 2 подофицери за превентивна медицина во командата на ЕУФОР;
  • Учество со Хируршки тим во мисијата ИСАФ-Авганистан, во составот на Норвешката полска болниа. Оваа мисија започна во 2008 година.