• 30.07.2021 08:22

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Јаневски: Чиј е Солун: грчки или бугарски?

BySarissa Editor

Dec 8, 2020

-За Гр­ци­те, ВМРО е ос­но­ва­на во град што отсе­ко­гаш бил грч­ки. За Бу­га­ри­те, Со­лун во 1893 го­ди­на бил цен­тра­лен град на бу­гар­ска Ма­ке­до­ни­ја. Та­ка, ние Ма­ке­дон­ци­те има­ме ед­на су­штес­тве­на ди­ле­ма ко­ја, ка­ко крад­ци на исто­ри­ја­та што по­ра­ди тоа не­ма­ат до­бри од­но­си со сво­и­те со­се­ди, не мо­же­ме да ја ре­ши­ме: чи­ја исто­ри­ја всуш­ност кра­де­ме? Грч­ка или бу­гар­ска? А, тоа не го ре­ши­ле ни са­ми­те Гр­ци и Бу­га­ри

– Не би ште­те­ло ако од Бри­сел до­би­е­ме од­го­вор и на ди­ле­ма­та за тоа ка­ко Гр­ци­ја и Бу­га­ри­ја мо­же­ле да ста­нат член­ки на ЕУ без овие се­ри­оз­ни пра­ша­ња да би­дат ре­ше­ни. Оти, не­ли, врз нив по­чи­ва до­бро­со­седс­тво­то, а тоа е прин­цип на ЕУ, кој во овој слу­чај не се по­чи­ту­вал. Оти, ако би­ло та­ка, се­га не ќе имав­ме проб­лем. Точ­но ќе зна­ев­ме чиј е Со­лун и чи­ја е Ма­ке­до­ни­ја, и чии сме ние што мис­лев­ме де­ка сме на ма­ма и та­то

Дар­ко ЈАНЕВСКИ

Де­нес, ве­ро­јат­но нај­го­ле­ми­от број Ма­ке­дон­ци зна­ат зо­што 23 октом­ври е не­ра­бо­тен ден. Но, исто та­ка, ве­ро­јат­но нај­го­ле­ми­от дел од Ма­ке­дон­ци­те не зна­ат ни збор по­ве­ќе за на­ста­нот од праз­ни­кот. Ос­но­ва­чи на ВМРО? Мо­же­би не­кој чул за Хри­сто Та­тар­чев, но најм­но­гу за­тоа што пред де­се­ти­на и по­ве­ќе го­ди­ни во Бу­га­ри­ја не­гов внук бе­ше ја­вен об­ви­ни­тел. Иван Ха­џи Ни­ко­лов? Кој е тоа? Мо­же­би кни­жа­рот, со ко­го всуш­ност ни поч­ну­ва­ат проб­ле­ми­те око­лу ос­но­ва­ње­то на ВМРО. За­што не­го­ва­та кни­жар­ни­ца, во ко­ја е ос­но­ва­на ор­га­ни­за­ци­ја­та, се на­о­ѓа­ла во Со­лун. По ѓа­во­ли­те, а ка­ква е таа тај­на ма­ке­дон­ска ор­га­ни­за­ци­ја што се ос­но­ва во овој град, кој, не­ли, отсе­ко­гаш бил грч­ки. А за тоа, еве не мо­ра да се пра­ша во Ати­на, мо­же и во Бри­сел, Лон­дон и Ва­шин­гтон.

Се раз­би­ра, мо­же да се потс­ме­ва­ме на не­до­вет­но­ста на ос­но­ва­чи­те на ВМРО, кои на­ме­сто во Скоп­је, ор­га­ни­за­ци­ја­та ја ос­но­ва­ле во еден град што не е ма­ке­дон­ски. Од­нос­но бил ма­ке­дон­ски, ама грч­ки, со тоа што то­гаш, во 1893-та, во гра­дот во кој пред ре­чи­си 20 го­ди­ни бе­ше одр­жан ми­ли­он­ски­от ан­ти­ма­ке­дон­ски ми­тинг, Гр­ци­те би­ле мал­цинс­тво. Збу­ну­вач­ки, зар не? Ка­ко е мож­но тоа? Осо­бе­но што Гр­ци­те не се не­ко­ја на­ци­ја што мо­же да се по­фа­ли де­ка осво­ју­ва­ла те­ри­то­рии и про­сто­ри со ви­сок на­та­ли­тет.

Од дру­га стра­на, за Бу­га­ри­ја, Со­лун во кој е ос­но­ва­но ВМРО (или по­точ­но ка­жа­но ТМОРО) е град во Ма­ке­до­ни­ја, ко­ја не е грч­ка, ту­ку бу­гар­ска. Та­ка ба­рем ве­ли се­ко­ја из­ја­ва што во оваа смис­ла до­а­ѓа од на­ши­от исток. Или мо­же­би Бу­га­ри­те за бу­гар­ска ја мис­лат са­мо Вар­дар­ска Ма­ке­до­ни­ја, ко­ја пред 100 го­ди­ни, во Пр­ва­та бал­кан­ска вој­на, би­ла оку­пи­ра­на од Ср­би­те. За де­неш­на грч­ка Ма­ке­до­ни­ја, во ко­ја се на­о­ѓа и Со­лун, ка­де што е до­не­се­на од­лу­ка­та за во­ста­ни­е­то во 1903 го­ди­на, ка­де што, па­тем, се слу­чи­ле и со­лун­ски­те атен­та­ти, ка­де што се одр­жа­ла пос­лед­на­та сред­ба на Го­це Дел­чев и Да­ме Гру­ев пред овој пр­ви­от да за­ми­не во смрт­та, не сме ги чу­ле да ка­жат де­ка е бу­гар­ска. Та­ка, гле­да­но од овој ас­пект, има­ме Ма­ке­до­ни­ја што од Та­ба­нов­це до Ге­вге­ли­ја е бу­гар­ска, но вед­наш по­тоа, на не­кој чу­ден на­чин, за Бу­га­ри­те, 51 от­сто од таа Ма­ке­до­ни­ја на ко­ја мис­ле­ле ос­но­ва­чи­те на ВМРО ста­ну­ва­ат грч­ки. Ина­ку, ве­ро­јат­но де­ка тие до­се­га би ги об­ви­ни­ле Гр­ци­те за краж­ба на исто­ри­ја­та, од­нос­но на оној дел од нив­на­та исто­ри­ја што е оз­на­чен ка­ко нај­ро­ман­ти­чен, до­де­ка Гр­ци­те, по иста­та ло­ги­ка, би ги об­ви­ни­ле Бу­га­ри­те де­ка ја кра­дат нив­на­та исто­ри­ја. Оти ако Ма­ке­до­ни­ја е грч­ка, таа по де­фи­ни­ци­ја не са­мо што не мо­же да би­де ма­ке­дон­ска ту­ку не мо­же да би­де ни бу­гар­ска. Та­ка си­гур­но мис­ли грч­ки­от пре­тсе­да­тел Ка­ро­лос Па­пу­љас, та­ка си­гур­но мис­ли и грч­ки­от пре­ми­ер Ан­до­нис Са­ма­рас. Но, со тоа се­ка­ко не се сог­ла­су­ва­ат бу­гар­ски­от пре­тсе­да­тел Ро­сен Плев­не­ли­ев, бу­гар­ски­от пре­ми­ер Бој­ко Бо­ри­сов, а за бу­гар­ски­от евро­пра­те­ник Ки­ри­лов и дру­ги­те од тој ред и да не збо­ру­ва­ме, кои нѐ збу­ну­ва­ат, за­што, ко­га збо­ру­ва­ат за бу­гар­ска Ма­ке­до­ни­ја, се­ка­ко не мис­лат на Ку­ма­но­во и Ста­ро На­го­ри­ча­не, ту­ку мис­лат на онаа од Сан Сте­фа­но, ко­ја стиг­ну­ва­ла до Ко­стур­ско Езе­ро. Дру­го по­и­ма­ње, не би има­ло смис­ла.

На тој на­чин по­ле­ка до­а­ѓа­ме до си­ту­а­ци­ја од ко­ја про­из­ле­гу­ва де­ка две­те член­ки на ЕУ и на НАТО, Гр­ци­ја и Бу­га­ри­ја, си ја кра­дат ме­ѓу­себ­на­та исто­ри­ја, са­мо што ни­ко­му до­се­га не му пад­на­ло на па­мет од тоа да пра­ви проб­лем. И кол­ку што нѐ др­жи умот, ни­ко­му до­се­га не му пад­на­ло на па­мет да ка­же де­ка Гр­ци­ја и Бу­га­ри­ја тре­ба да си ги сре­дат со­сед­ски­те од­но­си, ка­ко што тоа ед­но­стра­но се ба­ра од нас. А, ко­га за овие две зем­ји ста­ну­ва збор, не е са­мо Ма­ке­до­ни­ја во пра­ша­ње ту­ку и Тра­ки­ја, чиј ју­жен дел, оној што из­ле­гу­ва на Егеј­ско Мо­ре источ­но од Ка­ва­ла, Бу­га­ри­те го из­гу­би­ле не за­тоа што е грч­ки, ту­ку за­тоа што во Пр­ва­та свет­ска вој­на би­ле на стра­на­та на гу­бит­ни­ци­те.

Ка­ко и да е, ние има­ме се­ри­о­зен проб­лем. Пр­ви­от е де­ка кра­де­ме ту­ѓа исто­ри­ја и де­ка по­ра­ди тоа не­ма­ме до­бро­со­сед­ски од­но­си со јуж­ни­от и источ­ни­от ни со­сед. Вто­ри­от, кој се чи­ни е по­се­ри­о­зен, е де­ка и да са­ка­ме на­ша­та гре­шка во овој мо­мент не мо­же­ме да ја ис­пра­ви­ме. Би­деј­ќи во сог­лас­ност со по­го­ре ка­жа­но­то, не зна­е­ме чи­ја исто­ри­ја кра­де­ме. Та­ка, ако им се из­ви­ни­ме на Бу­га­ри­те, пак ќе има­ме проб­лем со Гр­ци­те, а ако им се из­ви­ни­ме на Гр­ци­те, ете ни ги Бу­га­ри­те на врат. Ка­ко и да се свр­ти­ме, ние со не­ко­го ќе има­ме на­ру­ше­ни до­бро­со­сед­ски од­но­си, а тој не­кој е член­ка на ЕУ, ко­ја мо­же да ни го бло­ки­ра при­е­мот. Всуш­ност, ние има­ме ед­на су­штес­тве­на ди­ле­ма од ко­ја не мо­же­ме да нај­де­ме из­лез са­мо со му­дро че­шка­ње на гла­ва­та: ко­га на 23 октом­ври го кра­де­ме Со­лун, чи­ја исто­ри­ја при­сво­ју­ва­ме? Грч­ка или бу­гар­ска?

И се раз­би­ра, не тре­ба мно­гу за да се сфа­ти де­ка оваа ди­ле­ма ние не мо­же­ме да ја ре­ши­ме. Не сме тол­ку ум­ни. Да бев­ме, ве­ро­јат­но не­ма­ше да дој­де­ме до ова де­ре­џе. Не мо­жат да ја ре­шат ни Бу­га­ри­те ни Гр­ци­те. Да мо­же­ле тоа ве­ќе ќе го сто­ре­ле. И де­нес ќе имав­ме фер­ман со „сул­та­нов“ мур за тоа. От­ту­ка, не ни оста­ну­ва ни­што дру­го освен проб­ле­мот да му го из­ло­жи­ме на пре­тсе­да­те­лот на Европ­ска­та ко­ми­си­ја, Ма­ну­ел Ба­ро­со, и по­на­та­му по тој ре­дос­лед. И да по­ба­ра­ме од не­го за тоа да ги из­ве­сти пре­ми­е­ри­те и ми­ни­стри­те за над­во­реш­ни ра­бо­ти на зем­ји­те-член­ки на ЕУ, пред овие да поч­нат да се со­ста­ну­ва­ат во но­ем­ври и де­кем­ври. Не­ка се под­го­тват лу­ѓе­то, не­ка сед­нат и не­ка ка­жат: чиј е Со­лун во кој е ос­но­ва­на ВМРО? На ма­са мо­же да им би­де ста­ве­но и до­си­е­то на оној не­среќ­ник Ма­ке­до­нец, кој во тие ста­ри вре­ми­ња во­ју­вал во грч­ка­та, бу­гар­ска­та и срп­ска­та вој­ска. Би би­ле бла­го­дар­ни ако ни об­јас­нат и за не­го­ва­та при­пад­ност.

Се раз­би­ра, па­тем не би ште­те­ло ако до­би­е­ме од­го­вор и на пра­ша­ње­то за тоа ка­ко Гр­ци­ја и Бу­га­ри­ја мо­же­ле да ста­нат член­ки на ЕУ без овие се­ри­оз­ни пра­ша­ња да би­дат ре­ше­ни. Оти, не­ли, врз нив по­чи­ва до­бро­со­седс­тво­то, а тоа е прин­цип на ЕУ, кој во овој слу­чај не се по­чи­ту­вал. Оти, ако би­ло та­ка, се­га не ќе имав­ме проб­лем. Точ­но ќе зна­ев­ме чиј е Со­лун и чи­ја е Ма­ке­до­ни­ја, и чии сме ние што мис­лев­ме де­ка сме на ма­ма и та­то. А, што би­ле тие? За тоа се­ка­ко не­ма да слу­ша­ме не­кој би­ро­крат со др­ве­на гла­ва.

(Колумна по повод 23 Октомври – 2012 година! Ја реобјавувам зашто има многумина кои, нели, тогаш не знаеле дека ќе ни се случува ова што ни се случува денес)