• 15.04.2021 02:53

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

„Јуниор” – Конкурс за деца – поети

По повод Меѓународниот ден на литературата за деца, издавачката куќа Феникс, во рамките на  Пролетниот саем на книги распишува Конкурс за најдобри песни од деца – поети „Јуниор”.  

-Темата е слободна, а секое дете треба да испрати три свои творби, од кои ќе биде избрана по една најдобра од секое дете. Песните треба да бидат потпишани со името и презимето на детето, возраста и населеното место, наведуваат од „Феникс“.  

Конкурсот е отворен до 17 април 2021 година, а потоа, жири комисија ќе изврши селекција на најдобрите творби, кои што ќе бидат објавени во посебно издание. 

Песните треба да се испраќаат на мејлот junior@feniks.net.mk.