• 30.07.2021 15:41

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Џесика Стегруд, шведска политичарка, европратеник, економист

Џесика Стегруд

Џесика Маргарета Стегруд е родена на 27 септември 1970 година во Брома, Кралството Шведска. Taa студирала економија на Универзитетот Карлстад од 1989 до 1991 година и на Универзитетот Гавле од 1991 до 1993 година. Пред да се вклучи во политика, Стегруд била вработена во Сидкрафт / ЕОН Свериге АБ. Таму работи од 2001 до 2019 година. За тие осумнаесет години Стегруд успешно напредува во професионалната кариера како финансиски ревизор. Корпоративниот свет го напушта во 2019 година кога им се приклучува на Шведските Демократи.

Шведските Демократи постојат 30 години како политичка партија во Шведска. Порано обележувани како екстремни десничари, денес се созреани модерни конзервативци и претставуваат најбрзо растечко популарно движење во Шведска, со над 30 000 членови низ целата земја. Нивните членови се со најразличнa позадина; од рурални земјоделци до урбани академици. Голем број членови на Шведските Демократи се имигранти или имаат странско потекло. Стегруд освојува парламентарно место во  Европскиот парламент во 2019 година. Како припадник на Шведските Демократи во Европскиот парламент, таа е дел од групата Европски Конзервативци и Реформисти.

Стегруд е член на Комитетот за индустрија, истражување и енергија, Комитетот за женски права и родова еднаквост и заменик член на Комитетот за економски и монетарни работи. Таа е исто така е дел и од Делегацијата на Комитетот за стабилизација и асоцијација на ЕУ со Црна Гора и заменик член на Делегација на ЕУ за односи со Народна Република Кина. Во  Европскиот парламент Џесика Стегруд е активна во повеќе дебати вклучувајки ги: Инвестициски план за одржлива Европа – Како да се финансира Зелениот договор, Механизам за услови за владеење на правото, Фондот за обновување на Европа, Европски закон за клима, Препораки за преговорите за ново партнерство со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Европски координиран одговор на епидемијата на КОВИД-19, Стратегија на ЕУ за ставање крај на осакатувањето на женските гениталии ширум светот и Стратегија за родова еднаквост.