• 22.04.2021 00:53

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Џорџиа Мелони – Претседател на Европската партија на конзервативци и реформисти

Како поддршка за деновите против насилството врз жените, за овој ден Ви ја претставувам Џорџиа Мелони.  Родена е во Рим на 15 јануари 1977 година, по татко од Сардинија, а по мајка од Сицилија.

Својата наклонетост кон политиката ја започнува уште во своите средношколски денови, каде во 1996 година станува претседател  на “Студентска акција” – студентско движење на тогашната десничарска партија, Национална Алијанса.  По победата на локалните избори во 1998 година, таа беше избрана како пратеник во Римската провинција и на таа позиција се задржа до 2002 година.

На парламентарните избори во 2006 година таа беше избрана за пратеник во долниот дом од Италијанскиот парламент. Воедно беше избрана и за заменик претседател на домот со што стана најмладиот избраник за таа позиција во историјата.

Во четвртата владина постава на тогашниот премиер, Силвио Берлускони во 2008 година, таа беше назначена за министер за млади. Позиција на која се задржа до 2011 година кога Берлускони поднесе оставка.

Во меѓувреме нејзината партија направи фузија со Напред Италија и се формира “The people of freedom”, а таа стана претседател на младинското крило на партијата. Како министер таа беше запаметена со својот пакет од 300 милиони евра за млади бизнисмени, студенти и привремени работници.

Во 2012 година здружувајќи се со Игнацио Ла Руса и Гидо Крозето стана критички настроена кон раководството на нејзината партија и лидерот Силвио Берлускони. Истата година тие основаа нова партија наречена “Fratelli d’Italia” –  браќа од Италија.

Во 2014 на изборите за европскиот парламент не успева да освои доволен број на гласови од вкупните 4% и пократ тоа што за неа гласааскоо 350 000 гласачи. По овие избори таа прави алијанска со “Lega Nord” на Матео Салвини.  По предложените уставни избори од левичарот Ренци, таа основа комитет наречен “НЕ БЛАГОДАРАМ”, кој пропагираше против уставните избори. Референдумот беше успешен за Мелони каде 60% рекоа НЕ.

На изборите во 2018 година доживеа огромен успех каде ги растури левичарите и беше избрана за пратеник во долниот дом, а нејзината партија освои 3 пати повеќе пратеници. Овој пат во провинцијата Латина таа победи освојувајќи 41% од вкупните гласови.

Џорџиа Мелони, во септември 2020 година беше избрана за претседател на ECR- Европската партија на конзервативци и реформисти. Ова е голем успех за Мелони, како претседател на една коалиција од врвни конзервативни партии од Европа каде членува дури и Републиканската партија од Соединетите Американски Држави позната како GOP- Grand old party.

Мелони е жив пример на една цврста жена, козервативец кој ита кон успехот на политичката сцена во светски рамки. Таа е пример за жена со свој став и жена која е спремна да биде лидер и лидер, кој може да биде инспирација за многу жени, но и за многу мажи.