• 21.04.2021 23:58

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

ЏУЛИЈАНИ: Изборната кражба е водена од еден центар, на ист начин се повторува во многу држави

BySarissa Editor

Nov 19, 2020

Руди Џулијани, поранешиот градоначалник на Њујорк и лидер на правниот тим на американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска изјави дека на изборите во САД од 3 ноември постоела организирана кампања и централизиран план за изборна измама.

-Како што траеше нашето истражување, така се покажа дека ова не беа индивидуални измами во една држава. Образецот се повторува во многу држави, речиси на ист начин. И секој искусен обвинител ќе каже дека имало план што бил раководен од еден центар, “изборите да бидат украдени на различни начини, особено во големите градови управувани од демократите“. И особено во големите градови каде што има долга историја на корупција, изјави Џулијани.

Тој посебно ја посочи Филаделфија, во сојузната држава Пенсилванија, каде што, како што наведе, „списокот со изборни измами е толку голем што може да ја наполни библиотеката“.

-Истото може да се каже и за Детроит, додаде Џулијани.

„Секој од овие градови е управуван од демократите, што значи дека тие можат да се извлечат со што и да направат бидејќи имаат одредено ниво на контрола, и тие сигурно во целост ги контролираат изборните комисии, можат да ги контролираат спроведувањето на законот и за жал имаат некои судии кои се на нивна страна и кои тие ќе дадат смешни и ирационални мислења, само за да им излезат во пресрет“, тврди Џулијани.

Тој, исто така, наведе дека во Пенсилванија по пошта пристигнале 682.770 гласачки ливчиња, за кои „има сведоштва дека не биле проверени во времето кога пристигнале на избирачките места“.