• 15.04.2021 10:04

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

100 години од раѓањето на Коле Чашуле, доживотниот борец за афирмација на македонскиот јазик

BySarissa Editor

Mar 2, 2021

Денеска е стогодишнината од раѓањето на еден од најзначајните македонски романописци, драмски писател, публицист, револуционер – првоборец, политичар и дипломат, Kоле Чашуле. Неговата ќерка, универзитетската професорка Огнена Никуљски потсети на делата на својот татко. Вели, во денешново вредносно празно и политикантски заробено секојдневие, не верува дека некој ќе се сети да му оддаде почит. Да му се заблагодари, ако ништо друго, барем за доживотното војувањето за афирмација на македонскиот јазик, на Македонците, денес напаѓани и од внатре и од надвор.

Коле Чашуле во1940 година ги пренесува од Белград во Скопје првите примероци на „Бели мугри“ од Рацин. Во 1942 година учествува во организирањето на атентатот на бугарски висок полициски функционер во Скопје за што го апсат и го осудуваат на смрт со бесење. Го организира успешното бегство од затворот на повеќе од 300 осуденици по што активно се вклучува во завршните операции за ослободување на Македонија. 1945 година го објавува својот прв расказ „Денот“, во списанието „Нов ден“. Во 1971 Чашуле е назначен за југословенски амбасадор во Перу. Објавува и низа книги есеи: „Записи за нацијата и литературата“, „Нови записи“, „Македонски дилеми“,„Болно племе“, „Резиме за мојата генерација“, „А, бре, македонче“, „Антимемоари“ и други.


Добитник е на низа награди: меѓу бројните е онаа за за драмски текст за драмата „Црнила“.