• 16.05.2021 19:38

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

118 години од загинувањето на Гоце Делчев

ByJane Jancheski

May 4, 2021

Гоце Делчев – апостолот на македонскиот народ во борбата за самостојност и за национална држава!

Денес одбележуваме 118 години од загинувањето на Гоце Делчев.

Утрото на 4 мај 1903 год, во Баница е убиен Гоце Делчев. Неговото име стана легенда вткаена во свеста на македонските народни маси. Неговото име ги возбудуваше македонските поколенија, со тоа име македонските прогресивни сили ја водеа во сосема нова општествено-политичка ситуација борбата на македонскиот народ за национално и социјално ослободување.

Целиот живот го посвети во борба за ослободување на Македонија. За својата Македонија го даде и својот живот. Слава му!