• 06.10.2024 03:08

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Словенечката Влада привремено го намали ДДВ-то на некои енергенси

Vladna palaca, Presernova 8, castna straza, gardisti,

Цените на некои енергенси за потрошувачите во Словенија од 1 септември годинава ќе бидат пониски бидејќи Владата ја намали стапката на ДДВ за нив од општата стапка од 22 на 9,5 отсто, беше одлучено на последната седница на владата на премиерот Роберт Голоб пред летниот распуст.

-Со одлуката државниот буџет годинава и следната година ќе остане без околу 130 милиони евра, а е донесена како дел од севкупните мерки за намалување на зголемените трошоци за енергија за граѓаните и компаниите, изјави министерот за финансии Клемен Боштјанчич на прес-конференција по владината седница.

Одлуката за намалена стапка на ДДВ се однесува на струјата, природниот гас, парното греење од топланите и дрвната биомаса, додека мазутот, бензинот и дизелот остануваат со иста даночна стапка како досега, бидејќи директивата на ЕУ не дозволува намалување на ДДВ на овие енергенси на Унијата, рече Боштјанчич.

Од друга страна, министерот потсети дека Владата веќе ги регулираше цените на нафтените деривати, но и на електричната енергија како дел од мерките против трошоците за енергија, што потрошувачите ќе можат да ги почувствуваат и во цените што ќе бидат пониски отколку што би биле инаку, имајќи го предвид растечкиот тренд на цените на енергенските на светскиот пазар.

Љубљана, 28 јули 2022 (МИА)