• 05.12.2024 11:05

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

ИЗБОРИ 2024: Од денес, проверете дали Ве има во Избирачкиот список

ByJane Jancheski

Feb 28, 2024

Сите заинтересирани граѓани на Република Северна Македонија, кои сакаат да извршат увид во своите податоци во избирачкиот список, тоа да го направат по електронски пат на официјалната веб страна на Државната изборна комисија (ДИК), http://www.sec.mk или на следната адреса: https://izbirackispisok.gov.mk или лично во подрачните одделенија и канцеларии на Комисијата.

Барањето за запишување, дополнување или бришење на податоците во Избирачкиот список се поднесува писмено во подрачното одделение или канцеларијата на ДИК на подрачјето на живеење, или по електронска пошта на ДИК на следната адреса: upisis@sec.mk.

Подрачните одделенија и канцелариите на ДИК за време на траењето на јавниот увид, ќе работат секој ден во периодот 08:00 до 20:00 часот, вклучително во деновите сабота и недела, како и за време на празници, а на 18 март 2024 година до 24:00 часот.

Истовремено продолжуваат роковите за собирање потписи за кандидатите за претседател и за пратеници, како и за поднесување барања за гласање на нашинците од дијаспората.

Тој потсети дека адресите на подрачните одделенија и канцеларии се наведени на веб страницата на ДИК, како и дека скоро сите се сместени во седиштата на локалните самоуправи на општините.

Покрај непосреден, јавен увид во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК, граѓаните може да направат увид и на нашата веб страница https://izbirackispisok.gov.mk/, додека непосредно во подрачните одделенија може да поднесат писмени барања за запишување, дополнување или бришење на нивните податоци во Избирачкиот список – ако некој граѓанин не е запишан во Избирачкиот список или ако е запишан, а нема избирачко право или нема живеалиште на подрачјето на општината, ако некое лице е починато во меѓу време, ако е сменета адресата или личното име, односно ако се неправилно запишани, објасни Кондарко.

За текот на увидот и бројот на граѓани кои ќе извршат увид, ДИК ќе информира на дневна основа и постојано ќе апелира граѓаните да го искористат ова свое право во интерес на изборниот процес.