• 20.04.2021 16:58

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Covid вакцини: Кој одлучува дали се безбедни?

Од каде знаеме дека вакцината е безбедна?

Ова е првото и најважното прашање што го поставуваат научниците кога ќе започнат да дизајнираат и тестираат нова вакцина или третман.

Безбедносните испитувања започнуваат во лабораторијата, со тестови и истражувања врз клетки и животни, пред да преминат на испитување на човечкиот организам. Принципот е да се започне полека и да се премине во следната фаза на тестирање доколку нема исклучителни безбедносни проблеми.

Сè додека безбедносните податоци од лабораториите се добри, научниците можат да проверат дали вакцината или третманот се исто така ефикасни. Тоа значи тестови на голем број волонтери – околу 40.0000 лица во случајот на Pfizer / BioNTech. Во испитувањата, на половина од луѓето им се дава вистинска вакцина, а на другата половина лажна или по позната како пласибо ефект. На истражувачите и учесниците не им е кажано која е групата, сè додека не бидат анализирани резултатите, за да се избегне пристрасност. Целата работа и наоди се проверуваат независно. Испитувањата за вакцини Covid се случуваат со огромна брзина, но најважно е дека не се прескокнува ниту еден од овие чекори.

Испитувањето на вакцини во Oxford/AstraZeneca доброволно беше ставено во мирување во една фаза за да испита зошто еден учесник – од многу илјадници – починал. Се рестартираше откако беше јасно дека не е поврзано со вакцината.

Одобрување ќе се даде само за вакцина ако регулаторот – Агенцијата за регулирање на лекови и здравствени производи (МХРА), е задоволен што е и безбедна и ефикасна.