• 30.07.2021 15:36

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

„Haм никoгaш нe ни недocтигал paзум, нaм ни недocтига лyдocт“

Денеска си спомнуваме за легендарниот Ристо Шишков кој е истакнат македонски филмски и театарски глумец кој е роден на денешен ден на 23 март 1940 , а умира на 17 јули 1986.

Ристо Шишков е роден во 1940 г, во селото Мрсна, Серско, Егејска Македонија, во ситуирано трговско семејство. Татко му Васил и најстариот вујко лежеле 4 години затвор на Крит. Во 1942 година Ристо ја доживува трагичната судбина на децата-бегалци. Преку Бугарија во 1945 година неговото семејство доаѓа во Струмица, каде тој се школува.

Имал првична намера да студира атомска физика, но наеднаш се премислува, па во 1962 година дипломира на Театарската академија во Белград, на отсекот за глума. По двегодишната работа во Југословенскиот драмски театар во Белград, Шишков доаѓа во Скопје и од 1 октомври 1964 година станува член на Драмата на Македонскиот народен театар. Играл во 54 театарски претстави, снимил 11 филма (во дванаесеттиот, „Води“, неговата ролја е преснимена), пет телевизиски драми и три телевизиски серии, повеќе радиодрами. Добитник на една театарска награда на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп (1977 година) за улогата во претставата „Крчма под зеленото дрво“.

Во 1979 е обвинет во навреда на српски и хрватски артисти, исто како и на Тито. Обвинет како националист, сепаратист и хегемонист на 15 јануари 1980 заминува во затвор. По боледување умира на 17 јули 1986 година во Скопје.

„Републиката во пламен“ е култен македонски филм посветен на настаните 1903-година и Крушевската Република која на гледачите им ги доловува настаните и хероиските чинови на големите македонски револуционери.

Во филмот и голем број култни реплики, но можеби онаа која што остава најголем впечаток кај гледачите е дијалогот помеѓу Никола Карев и Питу Гули.

Дијалог во кој Питу доаѓа до заклучокот дека на Македонецот никогаш не му недостигала разум туку лудост дека може да успее!