• 19.05.2024 00:35

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

(ФОТО) На денешен ден – 31 јули

Битни настани кои се случиле на денешен ден 31 јули.

Настани:

904 Солун бил освоен и уништен од Арапите. Околу 20.000, претежно млади, биле одведени во ропство


1498 Кристифор Колумбо, на своето трето патување во Новиот Свет, го открива островот Тринидад, а потоа за првпат стапна на брегот на Јужна Америка.

1784 Во Париз умрел Дени Дидро, француски филозоф, енциклопедист, критичар на религиозниот морал и носител на просветителската мисла од предреволуционерна Франција.

1886 Во Баварија умрел Франц Лист, унгарски пијанист и композитор, музичар со романтичарско определување и предводник на германската школа.


1908 По победата на Младотурската револуција, Јане Сандански упатува „Манифест до сите народности во Османлиското Царство“.


1941 Германскиот рајхсмаршал Херман Геринг му дава писмена директива на шефот на полицијата Рајнхард Хајдрих да направи нацрт-план за отстранување на Евреите од Европа.

1944 Во борбена задача како авијатичар загина Антоан де Сент Егзипери, француски писател, автор на познатиот роман „Малиот принц“.


1945 Пјер Лавал, водачот на Вишиевска Франција, е уапсен од сојузничките војници во Австрија.

Егзекуцијата на Пјер Лавал


1954 Италијанска експедиција предводена од Ардито Десио прва го освојува врвот „Годвин Остин“, попознат како К2, на Каракорум, кој со своите 8.611 метри, е втор највисок врв на Земјата.


1964 Американската вселенска сонда „Ренџер 9“ ги емитува на Земјата првите снимки од темната страна на Месечината. Овој успех научниците го оценија како најголем дострел на астрономијата по Галилео Галилеј.

1971 Американските астронаути Дејвид Скот и Џејмс Ирвин, членови на мисијата „Аполо 15“, биле првите луѓе кои се возеле на површината на Месечината.

1991 Претседателите на Советскиот Сојуз и САД Михаил Горбачов и Џорџ Буш во Москва го потпишале договорот за ограничување на нуклеарното оружје со голем дострел.

2001 Во Тетовско, од нападот на албанските терористи врз полициски пункт кај Радио Тетово, загинал Цоки Стојановски (на 28 г.) од Тетово, припадник на МВР

2002 Во текот на посетата на Мексико, папата Јован Павле Втори го прогласил за светец Хуан Диего, селанец од 16 век, кој станал прв римокатолички светец во Америка.