Во Амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје денеска напладне ќе биде одбележан Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Поздравни обраќања ќе имаат проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, директорка на Институтот, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и проф. д-р Борче Арсов, научен советник при Институтот.
Потоа следува кус осврт кон делото на Крсте Петков Мисирков по пвод 150 години од неговото раѓање.