• 17.05.2024 18:35

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Полициски службеник почина како последица од немирите во Конгресот на САД

BySarissa Editor

Jan 8, 2021

Полициски службеник од полицијата на Капитол хил почина од повредите здобиени во нападот на Конгресот од толпа про-Трамп, додека лидерите на демократите побараа отстранување на Претседателот за „поттикнување“ на немирите. Пет лица починаа во врска со немирите, меѓу кои и Брајан Сикник, офицер во американската полиција во Капитол (УСЦП) кој беше „повреден додека физички се справуваше со демонстранти“, соопшти полицијата.

Во меѓувреме, – ги повикаа потпретседателот Пенс и кабинетот на г. Трамп да го отстранат претседателот за „неговото поттикнување на востание“.

Највисоките демократи – спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси и демократскиот лидер во Сенатот Чак Шумер го повикаа потпретседателот Мајк Пенс да се повика на 25-тиот амандман на Уставот за да се прогласи Претседателот за несоодветен за функцијата. Од потпретседателот Пенс и најмалку осум членови на Кабинетот да се одметнат од претседателот Трамп и да се повикаат на амандманот.

„Опасните и заводливи постапки на Претседателот налагаат негово итно отстранување од функцијата“, се вели во заедничкото соопштение. Доколку тоа не се случи, Пелоси вети дека ќе го иницира процесот за импичмент на Претседателот.

Под притисок, Доналд Трамп конечно го осуди „грозоморниот напад“. Насилството во средата се случи неколку часа откако Трамп ги охрабри своите приврзаници да се борат против резултатите од изборите, додека Конгресот ја потврди победата на новоизбраниот претседател Џо Бајден.

Претседателот Трамп треба да ја напушти функцијата на 20 јануари, кога Бајден ќе положи заклетва.