• 17.05.2024 19:55

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Тринаесет години од хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце

ByJane Jancheski

Jan 12, 2021

Во катлановско Блаце денеска ќе се одбележат 13 години од хеликоптерската несреќа во која трагично загинаа 11 припадници од составот на воздухопловниот ВИНГ, враќајќи се од мировната мисија АЛТЕА во Босна и Херцеговина.

Армиски хеликоптер Ми-17 на овој ден пред 13 години се урна во селото Блаце кај Катланово, на  само 50-ина метри од последните куќи во селото. Во услови на намалена видливост, поради маглата, хеликоптерот ја започнал постапката за слетување на аеродромот „Александар Велики“. На падот на армискиот хеликоптер му претходела експлозија.

Во хеликоптерската несреќа животот го загубија потполковник Тони Спасовски, мајор Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, заставниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ, Мики Ивановски, Александар Тасковски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељановски.